Алмерија има 31 или 28 бодови?

Според табелата во шпанската Ла Лига, клубот од Андалузија има 31 бод и во моментов е спасен од испаѓање. Но според шпанската федерација има 28 и може да испадне. Проблемот е во конфликтот на двете страни.

Колку бодови има Алмерија? Не се знае. Според сајтот на ЛФП, професионалната шпанска фудбалска лига, Алмерија има 31 бод, колку што оствариле на теренот. Од друга страна, на сајтот на шпанската фудбалска федерација стои дека Алмерија има 28 бодови, затоа што три бода им се одземени поради тужбата на данскиот Алборг во ФИФА.
 
На едната табела каде има 31 бод, Алмерија се наоѓа  пред Депортиво Ла Коруња над зоната за испаѓање. На другата табела, Алмерија со 28 бодови би можела да испадне. Од клубот кој вечерва игра против Реал Мадрид во првенството велат дека не добиле никаков допис ниту од Здружението на прволигаши, ниту од фудбалската федерација на Шпанија.
 
Целата приказна потекнува од тужбата на данскиот Алборг, кој ја тужеше Алмерија за неисплатени долгови од трансферот на Михаел Јакобсен. Алмерија го купила Јакобсен во 2010. година но останала должна 4.700 евра, по што ФИФА сезонава го казни шпанскиот клуб.