Кристијано Роналдо стави крај на репрезентативната кариера

Веста на денот е: Кристијано Роналдо веќе нема да игра за репрезентацијата на Португалија. Најдобриот стрелец на сите времиња во историјата, објави на своите профили на друштвените мрежи каде се збогуваше од навивачите.

Кристијано Роналдо до сега за Португалија одигра 234 натпревари и постигна 146 што е најмногу во историјата на репрезентативниот фудбал. Во дресот на својата Португалија играше на шест Европски и шест Светски првенства!

Пат долг 23 години....

Последниот натпревар на кој играше Роналдо за Португалија беше на 24-ти септември 2026-та, против Велс кога победија 1-0 а Кристијано Роналдо на теренот помина 67 минути.

„ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА ЈА ОСТАВАМ 7-ТА НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ“

Во видео порака објавена на неговите профили Кристијано Роналдо раскажува колку му значел репрезентативниот дрес и дека одлуката за повлекување не била нималку едноставна.

„Драги Португалци, дојде денот да го вратам дресот со број 7 во нашата репрезентација. Никогаш не го чуствував како нешто што ми припаѓа исклучиво на мене. Сепак во текот на 23 години имав привилегија и одговорност да го носам, да го бранам и да го претставувам на стадионите ширум светот.

Денес дојде момент да го препуштам на иднината. Не беше лесно да се донесе оваа одлука зошто постојат одлуки кои не се носат само со разум. Во нив е вклучено и срцето.

Го завршувам патувањето кое почна во август 2003. година и засекогаш го смени мојот живот. Кога ќе се осврнам на се што сум доживеал во репрезентацијата, не гледам само натпревари, голови, рекорди и трофеи. Гледам луѓе. Гледам иселеници кои во текот на 90 минути чуствуваа дека Португалија им е барем малку поблизу. Гледам милиони Португалци кои никогаш лично не сум ги запознал, но кои беа дел од мојот живот.

Зошто на крајот, фудбалот е многу повеќе од игра. Фудбалот е луѓето.

Во текот на целата репрезентативна кариера настојував да ги поместувам сопствените граници. Сакав победи, сакав да бидам најдобар, сакав да испишувам историја. Секогаш од себе барав најмногу. Секогаш сакав повеќе и верував дека можеме да стигнеме понатаму. За овој дрес дадов се што имав.

Имаше совршени попладниња и ноќи, победи кои никогаш нема да ги заборавам, но и порази на кои и ден-денес тешко се потсеќам. Грешев, патев и минував низ моменти во кои не успеав на Португалците да им го пружам она на што толку се надеваа. Но никогаш не се предадов. Над се никогаш не прекинав да чуствувам гордост што ја претставувам Португалија.

Во текот на сите овие години научив неколку едноставни работи. Головите се минливи, пехарите остануваат во музеите, а рекордите порано или подоцна се рушат. Но постои нешто што времето никогаш не може да го избрише - местото кое го завземаме во срцето на луѓето.

Ако барем еднаш сум ве направил среќни, ако поради некој мој гол сте гушнале некого, сте заборавиле на тежок момент или сте се почуствувале горди поради нашата земја, тогаш се вредело. Зошто да се биде Португалец значи токму тоа. Заедно страдаме, заедно стануваме и повторно веруваме.

На Португалија секогаш ќе и бидат потребни млади луѓе кои сонуваат, фудбалери кои никогаш не се предаваат и нови генерации кои веруваат дека е можно да се стигне тамо каде никој никогаш пред нив не стигнал. Зошто земјата која продолжува да создава нови херои е земјата која никогаш не престанува да верува во себе.

Посебна благодарност сакам да им упатам на своите соиграчи од репрезентацијата. Им благодарам на секој спринт, секоја прегратка, секоја расправа и секоја тишина пред излегувањето на терен. За секоја победа која заедно ја славевме и секој пораз кој не направи посилни. Имав привилегија да бидам ваш капитен, но ниту еден капитен не оди сам. Сите сте дел од мојата приказна.

На сите селектори, раководители, лекари, физиотерапевти, економи, вработени и бројни луѓе кои за сиве овие години работеа со мене - големо благодарам. Многумина од вас никогаш не се најдоа на фотографиите но без вас ниту една фотографија не би била можна.

Благодарност до моето семејство што го делевте мојот сон со мене. Ви благодарам на разбирањето поради отсуства, жртвувања и моменти во кои репрезентацијата мораше да го земе местото кое ви припаѓаше и вам. Ако стигнав олку далеку тоа е зошто секогаш одевме рака под рака.

А на сите Португалци, каде и да се наоѓате во светот, сакам да ви порачам уште нешто. Постои една слика која засекогаш ќе ја носам со себе: моментот кога почнува интонирањето на државната химна. Погледнувам околу себе, гледам соиграчи, трибини, деца, мајки, татковци, баби и дедовци. Гледам Португалци кои поминале долг пат само за да бидат тука. И во текот на тие неколку минути престанувме да бидеме различни.

Нема клубови, нема бои, нема друштвени слоеви, професии ниту различни мислења. Постои само една страст - Португалија.

Тоа чувство ќе го носам со себе до крајот на животот. Денес се завршува мојот пат на теренот во дресот на репрезентрацијата. Заминувам со високо крената глава, горд на се што поминав и свесем дека за Португалија дадов се што имав. Но никогаш нема да прекинам да бидам еден од вас. Ќе продолжам да се грижам, да навивам и да ја славам секоја победа на Португалија со срце.

Целиот живот работев на тоа да станам најдобар фудбалер на светот. Денес сфаќам дека најголема победа беше таа што заслужив да ја претставувам најдобрата земја на светот.

Ви благодарам за овие 23 години. Ви благодарам што верувавте во мене. Ви благодарам што ми овозможивте да го живеам сонот кој почна додека бев само детето од Мадеира кое трча по топка.

Дресот со број 7 останува, а гороста што го носев засекогаш ќе биде моја. Португалија засекогаш ќе биде во мене.

До некоја нова средба“, порача Кристијано Роналдо.

5 ноември 2026 - 12:26