Една тексашка приказна завршува. Далас не можеше сериозно да му парира на Хјустон, не само поради повредените играчи туку и поради Џејмс Харден за кого немаа решение. Хјустон на тој начин првпат после 2009 победи во една плејоф серија.
Харден ги водеше Рокетс до четврта победа синоќа 94:104, по што Хјустон ја доби серијата во пет натпревари и се пласираше во полуфиналето. „Брадата“ уфрли 28 поени со 8 асистенции. 10 од своите 15 поени, Теренс Џонс уфрли во последната четвртина. Голем удел имаше и Двајт Хауард со 18 поени и 19 скокови, а Џош Смит запиша 20 поени.
Кај Далас, Монта Елис беше најефикасен со 25 поени, а Дирк Новицски броеше до 22 поени и 14 скока.
Харден си поигруваше со Маверикс:
Иако се очекуваше ЛА Клиперс да го крунисаат брејкот во Тексас и евентуално да стигнат до предност на домашен терен, тоа не се случи. Спарс покажаа зошто се актуелни шампиони во НБА, а 39-годишниот Тим Данкан уште еднаш докажа дека формата е минлива а класата вечна. Спарси во четврток ќе имаат прилика на домашен паркет да ја завршат работата.
Сан Антонио го реши дуелот во Калифорнија во последната четвртина, кога стекна 7 поени предност. Клиперс успеа да се врати на 107:108 и имаа напад за победа, но кошот на Блејк Грифин беше поништен затоа што Деандре Џордан ја допре топката која уште беше на цилиндерот.
Од вкупно 21 поен, Тим Данкан уфрли 12 во вториот дел, а имаше и 11 скокови и 4 асистенции. Кавај Ленард му даде голема поддршка на Данкан со 18 пени и 9 скокови, а Тони Паркер уфрли 13, колку што имаше и резервистот Пети Милс. Кај Клиперси повторно феноменален беше Блејк Грифин со 30 поени, 14 скокови и 7 асистенции. Трагичарот Деандре Џордан постигна 21 поен и 14 скокови. Крис Пол стигна до бројката од 20 поени, 10 асистенции и 5 скокови.
.
Грифин погоди за победа на крајот, но кошот не му беше признаен:
Забивањата на Грифин и Деандре Џордан:
Данкан покажа дека е класа:
ТОП 5 потези на вечерта:
Резултати:
Сан Антонио - ЛА Клиперс 111:107
Далас - Хјустон 94-103