Фудбалската федерација денеска донесе одлука и реши да го суспендира првенството во рок од една недела. Клубот тоа го побара вчера откако автобусот во кој се возеа фудбалскиот тим и стручниот штаб беше погоден со огнено оружје.
Претседателот на Фенербахче Азиз Јилдирим тврди дека намерата на вооружените напаѓачи била да го погодат возачот во моментот кога автобусот се движел покрај Црно море и тој да се преврти и да заврши во море за да настрада целиот тим на Фенербахче.
„Зборував на телефон со семејството и слушав голема врева, а потоа видов крв и помош за повредениот возач. Фала му на бога што беше присебен и само поради него не завршивме во море, изјави напаѓачот на Фенебахче, Пјер Вебо.
Страшниот инцидент од кој викендов се стресе турската фудбалска јавност се случи откако фудбалерите на Фенербахче по гостувањето во Ризеспор, патувале накај аеродромот на Трабзон за да фатат лет за Истанбул.
Се претпоставува дека во нападот се вмешани навивачите на Трабзонспор, бидејќи од сезоната 2010/2011 постои голема омраза помеѓу овие два клуба. Фенербахче таа сезона беше суспендиран од Лигата на шампионите поради местење натпревари, а на нивно место настапуваше токму Трабзонспор.