Измислената приказна за Јирген Клоп

Тренерот на Борусија Дортмунд демантираше дека сака да го напушти клубот поради аферата која што ја имал со жената на еден од фудбалерите. Во прашање е презаситеност, вели Клоп кој сега го поврзуваат со Баерн.

Прес конференциите на Јирген Клип никогаш не се банални. Минатата година, на пример седна зад микрофонот и без никаква причина почна да се смее. Се сврте зад Саша Фиге (портпарол на клубот) и покажа кон еден новинар кој беше облечен во одело и кравата.
„Не знам дали имаш некое прашање за мене, јас имам едно за тебе. Зошто си облекол кравата кога не знаеш да ја врзеш?“ го праша Клоп новинарот.
Пред две години нагло ја прекина прес конференцијата, почна една реченица и не ја доврши. Стана држејќи се за стомак и тргна да си оди кога еден новинар го праша што се случило, Клоп одговори:
„Мора да одам до тоалет, долго ќе трае. Не ме чекајте затоа што многу ќе се олеснувам“.

Уште поголемо внимание предизвика настапот на Јирген Клоп кога пред еден прес дознал дека некој новинар претходниот ден се женел.
„Зошто во весникот немаше фотографии од свадбата? -Затоа што за мојата свадба нема да се интересира никој, одговорил новинарот. Клоп во свој стил вратил: А мислиш дека тоа што го пишувате воопшто интересира некој?
Јирген Клоп е таков, се смее и се шегува, но кога се зборува за приватни работи станува многу сериозен. Во Дортмунд во последните денови кружеле гласини дека тренерот бил пред развод затоа што ја изневерил жената со сопруга на некој од фудбалерите.
 
Вечерва Дортмунд игра во полуфиналето на германскиот Куп против Баерн Минхен, а Клоп ја искористи денешната прес конференција да ја расчисти ситуацијата.
„Знам дека кружат гласини дека сум решил да го напуштам Дортмунд затоа што жена ми открила дека сум ја изневерил со сопруга на еден фудбалер. Тоа се класични глупости. Викаат дека жена ми Ула ме избркала од дома. Таа можеби има 1000 причини за тоа, но не ваква глупост. Зошто би ме избркала? Ме знаете, малку сум кретен. Шега на страна, бракот никогаш не ми бил подобар“, изјави Клоп.
Јирген Клоп и Ула, која пишувала книги за деца во брак се од 2005. година и наскоро ќе прослават 10-годишнина од бракот.