Победникот на Вимблдон ќе заработи 2.850.000 долари

Претходниот рекорд во светот на тенисот го држеше минатогодишниот УС Опен со вкупен награден фонд од 38.250.000 долари. Победниците на Вимблдон ќе си одат дома со вреќи пари.

Наградниот фонд на престижниот Вимблдон е зголемен за седум отсто, а тоа подразбира дека победниците и во машка и во женска конкуренција ќе добијат по милион и 880 илјади фунти.
 
Организаторите на Виблдон соопштија дека го зголемиле вкупниот награден фонд кој сега изнесува 40.600.000 долари што е убедливо најголемиот паричен износ предвиден за награди во професионалниот тенис.
 
Минатата година, победниците на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Петра Квитова добија по 1.760.000 фунти. Отвореното првенство на Англија започнува на 29. јуни и ќе трае до 12. јули за кога се закажани финалните дуели. Нова измена е и паузата меѓу Вимблдон и Ролан Гарос, која за прв пат во историјата ќе трае три наместо досегашните две недели.
 
Голем дел од тенисерите се одлучуваат за Вимблдон да се спремаат на традиционалниот турнир во Истбурн, каде исто на трева ја одржуваат својата форма. Токму Петра Квитова, актуелната шампионка од Вимблдон ќе игра во Истбурн, каде во 2011. година заврши како второпласирана.