Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Балкански менталитет со романски зачин

Припаѓа на генерација 1998, капитен е на Романија под 17 години, игра во Стеауа Букурешт, а од јуни ќе се пресели во Фиорентина. Го напаѓаат поради татко му Георге Хаџи, кој пратил отворено писмо до федерацијата за да го заштити вундеркиндот Јанис.

За што се спрема Марадона?

Легендарниот Диего се враќа во форма. Освен што вежба во теретана, паралелно ги покажува и своите боксерски способности.

18-ти плејоф во низа за Сан Антонио, 51 поен на Харден

Синоќа во НБА Џејмс Харден постигна 51 поен, на Демаркус Казинс му фалеа четири блокади за квардипл-дабл, а Расел Вестбрук го оствари десетиот трипл-дабл во сезоната, седми после Ол-старот.

Алкалоид со цврста одбрана до победа над Македонски Телеком

Во вториот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија Гранит славеше над Шпаркасе, а Алкалоид беше подобар од Македонски Телеком.

Дрес од македонската фудбалска репрезентација за најдобриот Типстер

Martin Stojanovski растури на Типстер во месец март и тој беше незадржил на првата позиција со 152 погодени натпревари.

Банкарот кој одржа лекција во Премиер лигата

Пред шест години навивачите на Саутемптон викендите ги поминуваа во трета лига, но кога во канцеларија седна да работи човек кој најдобро знае како со пари, стечајот стана минато, а клубот сезонава има амбиции да се бори за влез во Лига на шампиони.

Пеле се споредува со Бетовен, а Мексес сакал да биде пожарникар

Од најновите изјави на неделата кои редовно ги собира во едно Газета дело Спорт ќе прочитате што би направил напаѓачот на Јувентус, Мората само за да игра финале во ЛШ и како на Ел Класико судијата го давел Пике со разни муабети кои немаа врска со фудбал.

Халк на класен час во школо

Малиот Андреј Михно е 5-одделенец од Санкт Петербург. Решил да прати писмо до клубот Зенит во кое пишал дека сака да го запознае Бразилецот Халк. По две недели, додека му беше досадно на час, на врата се појави најдобриот фудбалер на екипата.

ЦСКА е должна како Грција, бара помош од навивачите

Бугарскиот фудбалски гигант се соочува со преселба во најнизок ранг, доколку не ги исплати долговите кон другите клубови и поранешни играчи. Главен проблем е лиценцата, која бугарскиот сојуз не им ја издава додека не ги подмират долговите.

Поранешната вила на Мајк Тајсон

Еден од најдобрите боксери на сите времиња и во времето на најголемата слава живеел над своите можности. Доказ за тоа се фотографиите од неговата поранешната ултра луксузна вила.

Занети го тера Буфон да касне луто

По Ајс бакет челинџ, луѓето можно е да се заразат со Пупи челинџ, но за тоа нема да треба да се бањаат со ладна вода, туку ќе треба да јадат луто. Идејата ја лансираше фондацијата Пупи, играта е да гризнеш лута пиперка и да номинираш четворица, а целта е да донираш минимум 2 евра за да ја поддржиш кампањата „право на исхрана за цел свет“.

Не правете бранови, гостиве не стануваат

Италија и Англија ремизираа 1-1 во пријателскиот натпревар вчера во Торино. Во еден моменот од средбата, Италијанците правеа бранови, ама од гостинскиот сектор добија само среден прст. Ние немаме публика ни за ова.

400 милиони долари за мечот на векот

Едниот има 37, а другиот 36 години. Договараа битка уште од 2009 година и конечно ја договорија за 2 мај. Од предвидените 250 милиони долари, вредноста на дуелот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао постојано рипа.

Најоригинална реакција на голчиште

Американскиот репрезентативец Брек Шеи синоќа изведе ремек дело откако со краток залет ја заби топката во агол каде не се брани. Камерата го улови на трибина тој што најмногу се зачуди на голот.

Најдобрите за 2015-та

Фудбалската опсерваторија која се занимава со статистика направи истражување кое се однесува на учинокот на фудбалерите од најсилните 5 европски лиги.

Реал Мадрид игра самба

Кралевите го купија и 23-от Бразилец во својата историја, откако со тимот од Мадрид 6-годишен договор вчера потпиша десниот бек Данило (23) од Порто. Првиот Бразилец што играл за Реал е Фернандо Гудичели.

Со еден куршум два зајци

Постирано е на јутјуб на 1 април 2011 година, но не е лага, Меси и сè е можно.

Најубавите мартовски голови

Јевген Конопљанка, Хуан Мата, Оливие Жиру, Марселињо и 26 други фудбалери го одбележаа третиот месец од годината кога најубавите голови се во прашање. Нашиот глас оди за Самир Фазли од швајцарскиот Вил 1900.

Бледа шутерска вечер за Перо Антиќ, Атланта поразена од Детроит

Атланта Хокс доживеа неочекуван, но натпреварувачки неважен пораз од Детроит Пистонс 105:95. Бруклин Нетс сè поблизу до плејофот, Кари со еден потег го измеси Крис Пол.

Лукоил преку Систина до мирен Ф8

Вториот ден од Бизнис лигата на Македонија донесе голема ефикасност на дуелот меѓу Монтенегро и Еуролинк на кој паднаа 18 голови, а ТРАНСМЕТ го совлада АрцелорМитал со 7:3.

Насилното видео кое го криеа Грците

Лудата снимка е од грчки аматерски меч меѓу екипите на Астерас и Херкулес одигран во 2013 година, а според 101greatgoals не требала да се објавува. Денеска се појави на јутјуб со комична музика.

Најпотребните голови со глава

Иако не е период кога се играат финалиња, УЕФА преку својот јутјуб канал денеска не потсети на моменти кога Ивановиќ, Силва, Фалкао, Меси, Роналдо, Гулит.....беа најснаодливи во шеснаесетник за време на некои финалиња одиграни под капа на Европската куќа на фудбалот.

Интер и Наполи најмногу ги губат навивачите, Рома напредува

Италијанците одат се помалку на стадион, а тоа го покажуваат бројките според кои дури осум стадиони од десетте најпосетени годинава имале помалку публика за разлика од лани.

Во неизвесен натпревар СЦ Борис Трајковски го совлада ОНЕ

Првиот ден од 16. коло во Бизнис лига на Македонија со победи го отворија ЕВН и СЦ Борис Трајковски, додека Глобко Логистик и Доминос Пица одиграа без победник.