Едно време тренинзите на противникот се шпионираа од прозор на стадионот, од скали или ако се качите скриени на дрво. Тоа влезе во праисторијата, затоа што во 2015. година ако немаш дрон, немаш ништо. На неколку часа пред дуелот кој е тензичен сам по себе (Чиле и Перу се сакаат колку Аргентина и Бразил), се отвори нов случај по оној со Хара и Кавани.
Медиумите од Перу ја потпалија атмосферата со натписите дека селекторот Рикардо Гарека забележал дрон над Центарот Депортиво Азул де Ла Цистерна и го прекинал тренингот на Перуанците. Чилеанците се бранат дека Гарека нема никаков доказ за тоа, ниту видео, ниту фотографии, ниту потврда дека ги снимал дрон.
Чиле и Перу долги години имаат лоши односи, особено после војната кон крајот на 80'-те години кога Перу беше во сојуз со Боливија. Ништо подобро не е ниту на спортски план, каде има цела книга на меѓусебни судири. Од тоа кој ги измислил „ножичките“, па сè до големи тепачки на терените.
За иронијата да биде поголема, селекторот на Чиле Хорхе Сампаоли фатил ист таков дрон пред стартот на Копа Америка, во местото Рекињоа каде Чиле се подготвувал. Тогаш некој тв канал ги снимал репрезентативците. Дали од таму Сампаоли добил идеја или не, без докази случајот е затворен. Натпреварот Чиле - Перу се игра во вторник во 1:30 после полноќ.