Антонино Пулвиренти, првиот човек на Катанија на денешното испитување во градот во јужна Италија изјавил дека купил пет натпревари од кои првиот бил Варезе - Катанија. Признанието го потврдил и правниот застапник на клубот, Џовани Слави.
„Претседателот не местел никакви натпревари за обложувалниците, туку со цел да го сочува клубот во втората лига", изјави Слави.
Сите натпревари кои Катанија ги наместила за 100.000 евра се играа годинава: Варезе - Катанија (0-3) на 2. април, Катанија - Трапани (4-1) на 11. април, Латина - Катанија (1-2) на 19. април, Катанија - Тернана (2-0) на 24. април и Катанија - Ливорно (1-1) на 2. мај. Постојат сомнежи дека Пулвиренти го договорил и резултатот на мечот Катанија - Авелино (1-0) од 29. март годинава.
„Не знам ништо за комбинациите, непознати ми се работите за кои ме обвинуваат. Би бил луд ако би направил такво нешто, а ако ги направил претседателот Пулвиренти и тој е луд", изјави довчерашниот спортски директор на Катанија, Пабло Козентино на кого утре му завршува договорот со клубот и немал намера да го продолжи.
По овие „позитивни" резултати, Катанија избега од опасната зона која водеше во понизок ранг и остана во Серија Б. Претседателот Пулвиренти кога ја изнел својата одбрана изјавил дека имал страшен притисок и закани од навивачите, за што била информирана и полицијата и за што морал да го спасува клубот од испаѓање и себе од линч. Италијанската фудбалска федерација ја разгледува опцијата да ја исфрли Катанија во најнизок ранг.
Головите од местенката меѓу Катанија и Трапани 4-1: