Кој е Бразилецот кој Мурињо им го украде на Барса и Манчестер

За 19 годишниот Роберт Кенеди од Флуминенсе велат дека по потезите и брзината наликува на Нејмар, а според силината на Хулк. Жозе Мурињо ја искористи казната на Барселона која не може да пазари играчи и им го лапна пред нос.

Кој е Кенеди?

Роберт Њуњеш Насименто, познат како Кенеди е роден во Бразил на 8 февруари 1996 во градот Санта Рита. Тој може да игра на позицијата офанзивен играч во средина и напаѓач. Кариерата ја почнува во Флуминенсе, а дебитантскиот гол го постигнува во 2014 година на натпреварот против ФК Баиа.

Кенеди уште во 2013-та не ја криеше својата желба да го напушти Бразил, со што ги отвори вратите за можен трансфер на Стемфорд Бриџ, со оглед на заинтересираноста на сините за бразилскиот талент.

„Се разбира дека бев среќен во Флуминенсе, но мојата желба е да играм во Европа. Ми се допаѓа Челзи бидејќи во овој тим има играчи како Оскар и Рамирес”.

Искуството на Кенеди

Роберт беше забележан од скаутите на Флуминенсе, и тие работеа напорно на неговиот талент во младите погони на клубот кој е познат по откривањето на играчи како Тиаго Силва и браќата Рафаел и Фабио Да Силва.

За репрезентацијата на Бразил до 17 години на Копа Америка во 2013 година постиГнал шест голови и со тоа бил најдобар стрелец на турнирот.

Минатата сезона во бразилската Серија А имаше 20 настапи, од кои 18 пати влезе од клупата за резерви и постигна 2 погодока. Оваа сезона 19 годишниот Кенеди доби шанса да игра во нападот покрај искусниот центарфор Фред.

Стилот на игра

На 16 години Кенеди играл на крилните позиции и поради неговото брзо темпо на игра го споредувале со Нејмар. Левоногиот фудбалер лесно ги проаѓал бековите и лесно влегувал во шанса. Го споредуваат и со Хулк поради неговата сила и издржливост во дуелите.

Мурињо ќе мора напорно да работи со Кенеди на неговата игра во дефанзива, како што тоа го прават Рамирес и Вилијан кои освен напред тие се враќаат да помогнат и во одбрана.

Како би се вклопил

Неговото пристигнување на Стемфорд Бриџ нема да преставува никаков проблем, но има неколку причини кој Кенеди го прават несреќен.

Најголемиот проблем се правилата за добивање работна дозвола, со што тој нема да може да игра во Премиер лига од септември, па можно е да оди на позајмица следната сезона. Челси има добра соработка со холандскиот клуб Витезе каде испраќа свои играчи на калење па овој клуб би можел да биде добра дестинација за него.

Со доаѓањето на Кенеди продолжува бразилската колонија во Челзи, покрај Рамиреш, Вилијан, Коста, Оскар и Фелипе Луис. 

29 јуни 2015 - 16:19