Златниот ретривер на Агер починал за време на посета на компанијата за негување миленици, откако премногу долго бил оставен во делот за сушење на неговите влакна.
Сопственичката на компанијата за негување на кучиња, откако го видела Чарли му фрлила неколку влажни пешкири но веќе било доцна.
„Зборував со господин Агер, се извинив на него и неговата фамилија, тој сакаше да знае што се случило и како дошло до несреќата. Дадов се од себе да му помогнам на кучето но не успеав. Шокирана сум и не очекував дека вакво нешто ќе се случи бидејќи во вакви случаи обично кучињата гребат на вратата”.
Невнимателноста на негувателката ќе ја чини 250 фунти парична казна како и 25 фунти доплата за кучето. Таа исто така ќе мора да плати 2,695 фунти за судски трошоци.
По оваа несреќа семејството Агер остана во голем шок, а сопругата на Агер Софи изјави:
„Нашето семејство е скршено со загубата на Чарли, тој отиде во компанијата и никогаш повторно не се врати”.
Даниел Агер го носеше дресот на Ливерпул од 2006 до 2014 година, а лани се врати во својот матичен клуб Брондби каде играше заедно со македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани.