Шут, прецизност, продор, храброст, грациозност, лидерство, убавина. Српските медиуми на големо ја величат Ана Дабовиќ, која синоќа беше прогласена за најдобра кошаркарка на Европското првенство во Унгарија.
На турнирот имаше учинок во просек од 14,8 поени по натпревар, 3,1 асистенции и 1,9 скокови. Во нокаут фазата просечно постигнуваше по 25,6 поени со 55% шут од поле. Со триумфот во финалето над Франција, таа на Србија и го донесе првото европско злато, како и првото учество на Олимписките игри во Рио 2016.
Дабовиќ кариерата ја почна во 2005 година во Херцег Нови, а има играно и во Албанија, Грција, Русија, Полска и Турција.
2015 година и донесе пресвртница во кариерата, бидејќи во февруари потпиша за Лос Анџелес Спаркс и стана втората српска кошаркарка која има заиграно во женската НБА лига. Потоа во април стана и претседателка на кошаркарскиот клуб Војводина каде тренер е нејзиниот татко Милан Дабовиќ.
Вториот интересен податок за големата љубителка на тенисот е што е голем навивач на Федерер, па дури и во дуелите против Ѓоковиќ.
Лабелото на Ана
Тројката во четвртфиналето против Турција
Сите 31 поени против Турција.
И нејзината постара сестра Милица е репрезентативка на Србија и игра во францускиот шампионат. За неа друго нема да ви пишуваме.