Звучно листање на списание од 1967

Ви текнува која возбуда беше порано списание, пред да ни станат дигитални?

Алма Малер: Композиторка, љубовница, муза, секс-кукла и лажга

Алма Малер не била обична жена: првиот бакнеж ѝ бил со Густав Климт, водела дневници за животот во Виена како Анаис Нин за Париз (со уште повеќе лажење) и толку го излудела љубовникот што побарал да му се изработи секс-кукла што ќе личи на нејзе кога ја прекинала аферата.

Што има Линда Евангелиста во ташна?

Една од историски најубавите жени во светот, во уште една епизода на симпатичното „What's in my bag?“ на Вог.

Тајната на Ешли Греам

Тајната е инаку на тема „како да останеш нормална кога дома ти трчаат три деца“ и на прв поглед звучи тешко, ама изгледа и се исплати.

Брижит Бардо-фризура што лажат дека лесно се прави

Нема промашување фризурата, тоа што иритира е кога ќе кажат „лесно се прави“, па ќе се фатат за пегла или фигаро. Како кога ќе кажат „ручек за пет минути од ствари што ги имате по фрижидер“ и ќе фатат да сецкаат авокадо за во блендер. Знаеш дека ќе трае.

Зошто бапските парфеми никогаш не излегуваат од мода

Да наречеш класичен мирис „бапски парфем“ стана толку прифатен момент од разговорниот јазик на тема убавина и козметика, што звучи како безазлен, дури и хумористичен опис. А не е ни едно, ни друго.

Зошто 20-и-кусур-годишни ставаат ботокс?

Не еден 23-годишен плаќа на рати за ботокс и желба за самодоверба.

Како втората светска војна ја роди Њујоршката модна недела

Пред да стане ова што е денес, Њујоршката модна недела била далеку по интимен и поексклузивен настан. Не само тоа - Втората светска војна одиграла клучна улога во зачетокот.

Како се облекува Копенхаген во моментов?

Нема ниедна причина да не бидеме во тек со модата во Копенхаген.

13 занимливи цитати од кралицата Елизабета

„Ајде да не се сфаќаме себеси толку сериозно. Никој од нас нема монопол над мудроста.“

Персоналот на Чарлс веројатно ја губи работата

Персоналот во куќата Кларенс каде што досега живееше кралот Чарлс бил известен за потенцијален отказ поради неговата преселба во Бакингемската палата, по смртта на кралицата Елизабета.

Принцовите не би се справиле со смртта на Дајана да не била кралицата

По смртта на Дајана, јавноста се бунеше дека кралицата „не покажувала емоции“, иако ако поразговарате со разумни локалци, веднаш ќе им текне на моментот кога си ги грабна внуците и си ги однесе во Балморал.

Бекстејџ мода од едно време без смарфтони

Во рани 2000-ти, Дејвид К. Шилдс поминува шест сезони снимајќи модели, дизајнери и славни личности зад мистериозните завеси на модната недела. Пред социјалните мрежи, бекстејџот беше релативно приватен простор каде што примаа само акредитирани фотографи. Црно-белата естетика додава филмски квалитет кој го балансира лошото светло зад сцената и му дава подобра контрола на резултатот - во тоа време се седело по студија и се сецкало тоа што може да помине. Интересното е што новите фотографи повторно се фаќаат за сликање со филм.

Не ги играат многу со Метаверзумот, па им текна на „привилегирана реалност“

Не е новост кога ќе кажеме дека животите ни се во голема мера онлајн, ама Фесјбук има намера уште повеќе да го развие тоа. Она што го нарекува Метаверзум има потенцијал да стане една утопија, но отвора и нови начини на кои некои луѓе се привилегирани.

Постои ли сè уште концептот на „работа од соништата“?

Зумерите веќе влегуваат во работна сила и тотално им растураат на миленијалците и бумерите. И не дека е лошо.

Мантра против развод

Концептот на STO (Small Things Often) или „мали нешта - често“, е мантра развиена од Готман институтот кој има многу што да каже кога се работи за избегнување разводи.

Реакцијата на кралот што ја подели нацијата

Можеби сте налетале веќе скролајќи по Фејсбук, најава за видео со реакција на новиот крал, Чарлс, каде што е „толку дрзок“ што нацијата не знае што да мисли. И си викаш, два дена е крал, одма ли ќе се дере?

Што ќе се случува сега кога Чарлс е крал?

Во моментот кога почина кралицата Елизабета вчера, Чарлс автоматски стана крал. Таа стана монарх што најдолго се задржал на тронот, а Чарлс стана најстариот наследник.

Ајде да гледаме стан од ‘30-те во Полска

Ќе се преправаме дека сме го купиле.

Стилската еволуција на Каја Гербер

Не беше можно женско дете од Синди Крафорд да не биде забележано од првиот момент кога ќе заличи на женско дете, особено откако медиумите сфатија дека - многу личи еден од највлијателните модели на планетава.

Уште кога прв пат стапна на писта на крајот на 2017, Каја Гербер излезе како еден од најважните Инста-модели на зумерите. Во првата сезона ја поремети модната недела, шеташе на импресивна селекција ревии - Шанел, Версаче и Сан Лоран - а следната година веќе ја имаше на три насловни на Вог. Добро, не боли мајка ти да се вика Синди Крафорд, ама Гербер секако го има природно наследено тој X-фактор. И тоа не помина туку така.

73 прашања со Џенифер Лоренс

Џенифер Лоренс има работено со толку многу цареви, што често одговорите се фини пикантерии за ликови што често се позанимливи од неа.

Тивкиот отказ не е радикален лек за „цедењето“ на работа

Експлоатацијата на работно место треба да се прозива со вистинското име.

Срамната империја на Меган

Претворивме нарцисоидна личност во светица.

И, кои се најдобри фармерки во моментов?

2022 е тешка година за многу работи, дај боже најголем проблем да се фармерките.