За тие што не знаат, туширање „со сè“ е токму така како што звучи - сè покриваш - затоа што има нешто многу пријатно во тоа да ги поминеш сите чекори од рутината за убавина и да ги покриеш сите потреби - чистење, отстранување влакна, нега на коса и слично.
Значи, акцентот е на длабински: ексфолијација, бричење, маска за коса, чистење на скалпот (наместо само купка, шампон и регенератор). Се она што боговите на хуморот ќе кажат дека е „за во недела“. Како домашен спа-центар.
Кои се придобивките?
Освен супер-чистото чувство отпосле, туширање со сè е една екстензија на рутината за нега. Според експертите, негата за себе е од критична важност за сите типови физички и емотивни предизвици и е потребна за си го одржиме општото здравје.
А не дека треба утре да се излезе и да се фрли цела плата на производи. Ментален буст може да се добие и од обично адаптирање на температурата на водата. Долги жешки туширања на пример знаат да го подобрат расположението, а студени помагаат при депресија.
Сепак, вреди да се спомне дека предолго туширање може да ги отстрани природните масла од косата и кожата. Звучи чудно, но колку повеќе вода паѓа на нив, толку посуви ќе бидат, особено ако е прежешка. Идеални се туширања од 10 минути во просек.
А сега чекорите за „туширање со сè“:
Коса: Прво со ова се почнува - особено затоа што знае да спречи појава на акни, кои би биле предизвикани од недоизваден шампон од лицето и телото.
Шампон според потребите на вашата коса, некогаш и два пати, па регенератор. Ако немате (или решите да прескокнете) маска, може и регенераторот да го оставите подолго. На крај - маската дава посебен шмек на косата. Пробајте протеинска за фарбана коса, или коса што лесно се крши и има изгубено еластичност. Маската може и пред туширање, за припрема за миење. И со косата не завршуваме откако ќе прекине туширањето - на сува коса ставете масло за коса (освен ако не ви е премногу ретка).
Тело: Ексфолијација, или со сува четка пред туширање, или со производ што бара мокра кожа. За нормална кожа, еднаш неделно е доволно, за чувствителна може на секои две недели. За бричење, користете пена без мирис. После сето ова, изберете купка што ви одговара, и како и кај косата, после туширањето, на сува кожа, нанесете лосион за тело.
И не мора само во недела.