Викторијас Сикрет реши дека пак ќе ги прави гаќите секси. Пишувавме дека после години продавање фантазија, јавноста ги принуди да се обидат со диверзитет и модели-лезбејки, бегалки, спортистки, инвалиди, трансродови и не дека не ги пофалија. Само што продажбата отиде надолу.
Излезе дека, кога се работи за купување долна облека, жените (а и мажите) преферираат фантазија наместо реалност. Ако бараме секси, тогаш се замислуваме слаби и прекрасни, наместо округли и тешки. И сега, во обид пак да се наполнат касите, ВС реши да се откаже од освестеното ребрендирање и да се врати на супермодели и сексапил.
Не знаеме дали ќе го повратат профитот, но не е само оваа компанија што се мисли околу ефикасноста на освестеното брендирање. И Унилевер се секираат, па решија дека нема веќе да форсираат брендовите да се вклопат и во општествените правци. Други компании тивко се повлекоа од поддршката на Црните животи се важат поради неколку изблици на поддршка за Хамас од кај нив. Кока Кола ги отстрани референците за БЛМ од нивниот сајт, Англиската фудбалска асоцијација се дистанцираше од нив иако им коленичеше две години претходно, а се повлекуваат и донации од американски универзитети што го поддржаа Хамас.
Сепак, уморните од освестениот капитализам уште не треба да почнуваат со славење - денешните шефови се сè уште посветени на woke филозофијата и навистина веруваат дека е нивна улогата да промовираат анти-расизам или трансродова инклузија при продажбата на мајонез или пиво. И иако се повлекуваат, сè уште се потписници на Б-Корп, процес на сертификација што го мери нивниот комплетен општествен и еколошки импакт. Според сајтот, сертифицираните корпорации се „лидери во глобалното движење за инклузивна, еквитабилна и регенеративна економија.“ Освестеноста не е само маркетинг-финта, туку ги формира и фундаменталните принципи што го движат капитализмот денес.
И да, потписот за разноликост, инклузија и одржливост на компаниите им обезбедува витално чувство на морална цел и одредува како бизнисите се регулираат на национално и интернационално ниво и како компаниите ги дисциплинираат вработените. Накратко, освестеноста е длабоко поврзана со процесите на кои компаниите заработуваат пари.
Колку и да се колнат во нивната посветеност на прогресивни и правилни цели, сè уште си ги сакаат огромните плати. Алисон Роуз, поранешната директорка на НатВест банка го надгледуваше исфрлањето на Најџел Фараж поради неговите политички гледишта и даде лажни информации на Бибиси за причината за затворањето на неговите сметки. На крај, даде отказ со исплата од 2,4 милиони фунти.
Тоа што освестениот капитализам неколкумина ги плаќа многу добро, само покажува колку ќе биде тешко да се собори.