Викторијас Сикрет се обиде со ребрендирање и ангажирање на крупни и транс манекенки, плус јавни фаци што немаат ни М од манекенки, ама откако падна продажбата за 5%, сфатија дека не ја бива така работата. На интернет добија одлични критики за новиот потег, ама никако да им се пренесат на заработката.
Сега главните бараат начин повторно да го вклучат „сексапилот“ на брендот и инсистираат дека старо-новиот правец нема врска со напорите за инклузивност, бидејќи и „да се биде секси може да биде инклузивно“.
Колку пари се изубија?
Па во споредба со 2020, кога заработиле 7,5 милијарди долари, оваа година заработиле само 6,2 милијарди. Јадници.
Според менаџерите во компанијата, да се биде секси значи и да се слават различните искуства на потрошувачите и на тоа се фокусирани.
Сега ќе пуштаат спортска облека и костими за капење и ќе отворат 400 нови продавници надвор од САД.
Контроверзите инаку им почнаа во 2020, кога Њујорк Тајмс дозна дека внатре владее култура на мизогинија, силеџиство и малтретирање. Не помогна ни фактот што извршниот директор се дружеше со Џефри Епстин, па го обвинија и дека молчел за наводите за сексуално малтретирање во компанијата.
За илустрација, какви беа:
Какви станаа откако сите им се дереа дека „не се фер“ ко да се државна фирма:
А какви ќе бидат во иднина, не знаеме.
Едно прашање само: Како од старт не им текна дека секси не значи и антифеминистичко?