Викторијас Сикрет напиша домашно

После критиките од јавноста и комплетното ре-обмислување на брендот - има нови модели на Викторијас Сикрет - меѓу нив и девојка со Даунов синдром.

Софија Џирау влегува во историја. Има 24 години и е од Порторико, а почетоците ѝ се во 2019, за потоа да дебитира на Њујоршката модна недела во 2020.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sofía Jirau (@sofiajirau)

На Инстаграм напиша,

„Во еден момент почнав да сонувам за ова, а денес тој сон ми се оствари. Конечно можам да ви ја кажам мојата голема тајна… Јас сум прв модел на Викторијас Сикрет со Даунов синдром!“

Според главниот креативен директор, Раул Мартинез, најновата колекција, Love Cloud е „огромен момент во еволуцијата на брендот.“

„Од групата неверојатни жени што ја оживуваат таа колекција, до неверојатниот инклузивен дух на снимањето, оваа кампања е важен дел од новиот стандард на Викторијас Сикрет што го создаваме.“

Освен Џирау, се појавува и бремена жена, инструкторка по пилатес во своите доцни 40-ти и манекенка со наследна спастична параплегија тип 3а.

„ВС ми е сон од 20-те и 30-те кога се сликав во долна облека и костими за капење, но го отфрлив тој сон пред повеќе од 10 години. И кога добив повик од нив, во доцни 40-ти и веднаш откако ја избричив главата ми беше пријатен шок, во најмала рака!“ пишува инструкторката Џејлин Метјус.

18 февруари 2022 - 16:25