Детали од мемоарите на Бритни Спирс, „Жената во мене“ се шират како пожар низ светот - книгата го опфаќа целиот живот на Бритни, вклучувајќи и анегдоти како таа од 2007 кога се ишиша лустер за време на еден од тешките периоди во животот.
Во тој момент поминуваше низ болен развод со Кевин Федерлајн и константно беше мета на папараци, па бричењето на главата одговараше со наративот дека „веќе не се контролира“.
А може требаше неа да ја прашаат.
Во книгата, Бритни пишува:
„Нонстоп ме гледаа додека растев. Ме гледаа од глава до пети, ми кажуваа што мислат за моето тело уште кога бев тинејџерка. Шишањето и беснеењето ми беа начин да вратам.“
Една вечер во 2007, Бритни влезе во фризерница во Калифорнија и побара да ѝ ја избричат главата. Естер Тоњоци, сопственичката на салонот ја одбила, па Бритни сама грабнала машинка и почнала, додека сеприсутните папараци сликале низ прозорците на салонот. Неколку дена подоцна излезе и фотографија од Бритни како напаѓа фотограф со чадор.
Откако ја ставија на „дочувување“ наредено од суд, со кое на татко ѝ Џејми му се даде комплетна контрола над нејзините лични и финансиски работи, пишува дека ѝ забраниле да го задржи тој изглед.
„Кога бев под контрола, ме натераа да разберам дека тие денови се завршени,“ пишува таа. „Морав да ја пораснам косата и да се вратам во форма. Морав рано да си легнувам и да ги земам сите лекови што ќе ми ги кажат.“
Ситуацијата траеше 14 години - период во кој била очајно несреќна.
„Правев по нешто креативно тука и таму, но не уживав во тоа. Што се однесува до мојата страст за пеење и танцување, веќе беше виц во тој момент. Поминаа 13 години во кои се чувствував како сенка на самата себе. Сега се сеќавам на татко ми и на неговите соработници како ми го контролираа телото и парите толку долго и ми се лоши... Помислете колку уметници-мажи ги искоцкале сите пари; колку се дрогирале, колку страдале од ментално здравје. Никој не се обидел да им ја одземе нивната контрола над нивните тела и пари. Не го заслужив тоа што моето семејство ми го направи.“
Ова заврши во септември 2021. Бритни вели дека за тоа време, слушала како други ја раскажувале нејзината приказна.
„Конечно сум слободна сама да си ја раскажам приказната без последици од луѓето што решаваа за мојот живот. Конечно е време да го кренам гласот и да зборувам, а моите фанови заслужуваат да чујат директно од мене. Нема веќе заговори, нема веќе лаги - само јас, како сопственик на моето минато, сегашност и иднина.“