„Лажев и пред светот кажував дека сум ОК и дека сум среќна. Тоа е лага,“ рече Бритни во еден момент. „Во заблуда бев. Во шок. Трауматизирана сум. Лажи додека не ти успее, ама сега ви ја кажувам вистината, во ред? Не сум среќна. Не можам да спијам. Депримирана сум. Плачам секој ден.“
Го нарече „дочувувањето“ малтретирање, со детали од вознемирувачки рестрикции врз нејзиното сопствено тело и рече дека некои членови на нејзиното семејство - кои и би ги тужела - треба да бидат во затвор.
„Само сакам да ми се врати животот. Доволно беше и нема смисла. Сакам да го тужам моето семејство, да бидам искрена… Главната причина што сум тука е што сакам да заврши тој договор за „чување“ без да ми прават проценки.“
Татко ѝ Џејми Спирс и адвокатот Ендру Волет добија старателство над Бритни во 2008, откако имаше јавен нервен слом и беше хоспитализирана. На Џејми судот му додели контрола над нејзиното богатство од 60 милиони долари, за што таа вели дека „го воодушевило“.
„Контрола да ја повредува сопствената ќерка - уживаше. Работев седум дена неделно… Како трговија со секс беше,“ вели таа. „Татко ми и сите вмешани во старателството, вклучувајќи ги и менаџерите… треба да бидат во затвор. Моите ништо не направија.“
Ја присилуваат и да користи контрацепција. Со Сем Асгари е во врска неколку години и вели дека има спирала и не смее да ја извади, а сака да може да се омажи и да има бебе. Ја ставале и на литиум против нејзина волја. „Тоа е силна дрога. Можеш ментално да заостанеш ако ја земаш подолго од 5 месеци. Се чувствував пијано, не можев ни да разговарам со моите,“ вели таа.
После коментарите, судијата ја пофали Бритни што проговорила, особено така јавно.
Следно е сослушување на 14 јули.
За детален опис околу тоа што ѝ се случува на Бритни, клик на Што е работата со #FreeBritney?