Фустанот со британско знаме со заслужено место во Вог

Ви текнува на Џери Халивел од Спајс Грлс? 

Спајс Грлс беа музички, моден и културолошки феномен, не затоа што беа опасни музичарки, туку затоа што како проект удрија печат на културниот цајтгајст на ‘90-те и предизвикаа милиони девојчиња ширум светот да се идентификуваат со нивните внимателно осмислени карактери. 

Џери беше Џинџер Спајс, божем секси-делот од Спајс Грлс, па прва ги напушти, стана заштитно лице на Аткинс (добро, не официјално, ама ослабна драматично), се обиде со соло-кариера и остана популарна на локално ниво, што со оглед на тоа што локалното е Велика Британија - не беше за фрлање.

Низ сите тие години, имаше неколку впечатливи комбинации (фустанот со британско знаме и црвените чизми!) за кои сега раскажува во Life in Looks за Вог.

19 октомври 2023 - 14:57