
Ја имавме со правилото од 8 секунди. Стана позната на ТикТок каде што споделува искуства од својата необична професионална средина, а особено внимание привлекуваат приказните за клиентите и нивните причини зошто доаѓаат во бордел.
Една од најневеројатните приказни се однесува на брачна двојка која, без да знае, имала редовна врска со истиот бордел. Сопругот бил клиент и доаѓал во петок, сопругата работела понеделници. Никогаш не се сретнале.
Во друга приказна, човек случајно ја среќава сопругата во ходникот на борделот. Де Ноар била убедена дека откритието ќе го значи крај на нивниот брак, особено поради она што претходно го слушала од жената за нејзиниот сопруг, но, се случило спротивното. Мажот почнал редовно да ја посетува сопругата како клиент, а искуството на крајот ги поттикнало да го отворат својот брак.
Еден клиент сакал да биде водоводџија. Облекол работна униформа, а жената што ја ангажирал глумела дека има проблем со водоводните инсталации. Следувале неколку часа поправки на мијалникот и тоалетот. Никаква сексуална активност, само чесна водоводџиска работа. Си заминал пресреќен, откако платил илјадници долари.
Еднаш, некој маж ангажирал сексуална работничка за да го придружува до гробишта, таму заедно испушиле цигара, а потоа се вратиле. Тоа било целото искуство, за кое платил околу 3.000 долари.
Некои клиенти имаат многу конкретни замисли за тоа како треба да изгледа нивната посета. Еден од нив пристигнал во костим на огромна поларна мечка, висок околу два метра - костимот бил дел од однапред договорена игра на улоги. Де Ноар не открива многу дополнителни детали, но самата слика на огромна бела мечка што влегува во бордел е доволна за да ја запамтиш приказната.
Кога започнала да работи во борделот била изненадена од сознанието дека меѓу вработените има мајка и нејзината возрасна ќерка, а уште понеобично ѝ било тоа што работеле во соседни соби. Го споменува случајот како едно од искуствата што ја натерале да ги преиспита сопствените претстави за туѓите животни избори.
И, не е некоја анегдота, ама во денешно време е многу потешко човек да води двоен живот - раскажува дека имало случаи кога сопруги се појавувале пред борделот откако ја провериле локацијата на телефоните на своите партнери, а други мажи ги откривале поради сомнителни подигања готовина од банкомати во близина на објектот.
Да се немало раат.