Кендал Џенер станува бот

Она што ви е достапно за совет во секое време, а изгледа исто како Кендал Џенер е чатбот, ново од Мета, што го нарекуваат „ВИ асистенти“.

Чудното е што и покрај визуелните сличности со славните, ботовите имаат сопствени имиња и карактери. На пример, двојничката на Парис Хилтон - Детективката Амбер „решава злосторства“, а двојникот на Снуп Дог игра улоги е Dungeon Master.

Некои од чатботите имаат одредени намени, како на пример на корисниците да им помогнат да букираат летови или да најдат ресторани, некои се исклучиво за забава. На пример, ботот инсприран од Кендал Џенер (се вика „Били“) е дизајниран да муабети како постара сестра, а репликата на Мр. Бист - „Зак“ може да те заебава.

Но, зошто псевдо-селебрити ботови? Марк Закерберг вели дека сака да направи вештачка интелигенција со различни карактери, мислења и интереси:

„Ова нема да биде само за одговарање прашања. Ова е за забава и за да ви помогне да правите работи со кои ќе се поврзете со луѓето околу вас. Мислевме дека треба да биде забавно и познато.“

Мета наводно на еден од најголемите му/ѝ има платено 5 милиони долари за шест часа работа, за да го искористи ликот за чатботот. Ова значи дека веројатно ги губиш правата на твоето лице и глас, но не е дека не одиме кон комплетно губење на тие права.

Скроз Блек Мирор, како што вели diet_prada:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

24 октомври 2023 - 00:00