Модата и начинот на живот играат огромна улога во овој културен феномен - нашите баби на 20 веќе биле мајки, а пак нивните 40 и кусур годишни мајки станувале баби. И знаеме како изгледаа тогаш.
Матурантите од ‘85 сега изгледаат помлади отколку на нивните фотографии на табло, а феноменот не ги поштедува ни славните личности откако постојат црвени теписи наваму.
За илустрација - 50 години:
И уште една, исто 50:
Џејмс Велш смета дека немањето осет за штетните сончеви зраци е голем причинител - целодневните седења на плажа и едвај постоечките средства со заштитен фактор си го имаат направено своето. Понатаму, луѓето порано почесто пушеле (и сега не значи дека пушат малку, ама не ги гледаме на филм), и на крај, не смее да се занемари појавата на ботокс и филери - секојдневие на луѓето од кои црпиме инспирација за изглед.