Некомпетентноста како оружје во врска

Weaponized incompetence - кога партнерот свесно ја користи својата недоветност како оружје и зошто е тоа токсично во врската.

Се враќате од долг работен ден. Си ги земате децата од по баби и дедовци. Треба да се бањаат, а треба и да се готви нешто. Вие тргате на бањање, а од партнерот барате да почне со спремање вечера. Се согласува. И кога ќе се вратите од бањата, гледате дека ништо не е ни почнато, ни пипнато.

Зошто?

„Не знае каде стојат ножевите.“

И пак мора вие.

Ова е пример за некомпетентност што се користи како оружје - измамничка тактика во која едниот партнер во врската глуми недоветен за да не се бара од него да заврши одредена работа никогаш повеќе. Се работи за пасивно-агресивна манипулација на другиот за да преземе неферски поголем дел од обврските.

Обично им приоѓаат на работите со малку или ич труд за да не мораат пак да ги прават. Дека се искористува како оружје се смета затоа што поспособниот партнер задолжително завршува како одговорен за задачата која претходно била потпросечно завршена. И да, можно е едниот стварно да не е способен за таа една работа, но играат улога и обидите тоа да се научи, наместо да се префрла обврската затоа што „не ме бива и готово.“

Внимавајте на фрази од типот „тебе повеќе те бива, може ли ти?“ или „Никогаш нема да го направам како тебе“ или „Мене ќе ми требаат сто години, ај ти набрзинка.“

Воопшто не се работи за нов феномен, но социјалните мрежи сега фрлаат светло на него и му даваат име. Нееднаквост во врските имало отсекогаш, особено што уште трае идејата дека ако мажот учествува во обврските, всушност „ѝ помага на жената“.

Се решава прво со идентификување на ваквото однесување, а потоа со разговор. Внимавајте дали се работи за инцидент, или за континуирано однесување. И ако е второто, директен разговор е најдобро решение, со тоа што ќе се согласите дека домашните обврски на никого не му одговараат, ама во ниеден случај не значи дека само едниот треба да ги врши.

20 октомври 2023 - 11:36