- По контроверзни коментари во монолог во неговата емисија, телевизиската мрежа АБЦ реши да го тргне Кимел од екраните „на неодредено“.
- На тема убиството на Чарли Кирк, Кимел кажа дека „од петни жили МАГА се трудат да докажат дека детево не е нивно“, и се шегуваше со изјава на Трамп на прашањето како се чувствува во врска со случајот.
- Зад кулисите се зборува дека одлуката не е од вчера.
- Инаку, десничарите некако баш засакаа кансел-култура.
- Mushroom blonde е нијансата на „плава“ што веројатно треба да ја очекуваме да зачести. Комбинира беж, пепел и ладни кафеави тонови и така создава природен изглед со суптилни преливи.
- Не бара често фарбање, бидејќи постепените премини меѓу потемниот корен и посветлите должини го прават израснувањето помалку забележливо.
- Лесно се приспособува на различни тенови и бои на коса, особено на природно темнорусаа и светлокафеава коса, со можност за посветли или постудени варијанти.
- „Космополитен“ ја претставува листата Z-Stars за 2026 година, со 25 истакнати претставници на генерацијата З кои придонесуваат во различни области, од музика, филм и комедија до спорт, политика, наука, здравство и технологија. Заедничка карактеристика на избраните личности е желбата да создадат нешто оригинално и значајно.
- „Со својата креативност, политичка активност и автентични реакции на општествените промени, младите наоѓаат нови начини да се изразат и да влијаат врз светот, и покрај предизвиците што ги носат вештачката интелигенција и дигиталното опкружување.“
- Може не е за фалење, ама ние не знаеме ниеден.