Манекенката, чиј татко е од Палестина, објави слика на Инстаграм-стори, со порака „Нема ништо еврејско во тоа како израелската влада ги третира Палестинците.“
Споделена беше од друго место, а покрај основната порака, имаше и една што често се повторува кај луѓе што сакаат да појаснат дека не подржуваат терористи: „Да ја осудуваш израелската влада не е антисемитски и да ги поддржуваш Палестинците не значи поддршка за Хамас.“
Пред една недела, Хадид објави крајно балансирана и внимателна изјава, за која имаше и коментари дека е совршена, само поради фактот што едноставно ја осуди војната, а изрази љубов кон сите нејзини пријатели и роднини, вклучувајќи тука и Евреи и муслимани. Меѓу другото, имаше:
„Мислите ми се со сите на удар на оваа неоправдлива трагедија и со секој невин живот одземен во овој конфликт - а премногу од нив се детски.
Имам длабока емпатија и ми се крши срцето за палестинската борба и животот под окупација. Но, чувствувам и одговорност да кажам дека иако имам надежи и соништа за Палестинците, во никој случај тоа не вклучува да страдаат Евреи. Тероризирањето невини луѓе не одговара и не прави ништо добро за движењето за слободна Палестина.“
До овде беше добро, некое време подоцна го објави и тоа од погоре. И бидејќи е една од новите супермодели, со огромна платформа и внимание од светот, израелската влада реши да ја издвои токму неа, и на нивните профили да објави „Те гледаме“.
Направија скриншот од нејзиното стори, напишаа „Здраво Џиџи, следното стори е за тебе.“
И следното стори:
„Џиџи Хадид, ти спиеше последнава недела? Или само вртиш поглед од еврејските бебиња искасапени во нивните домови? Твоето молчење е јасна слика за твојот став. Те гледаме.“
На крај, објавија фотографија од детска соба, извалкана со крв и додадоа:
„Ако не го осудуваш ова, твоите зборови не значат ништо.“
Во моментов, кај Џиџи Хадид нема одговор на ова.