Туш пуштен во празно после одмор може да ви го спаси животот.

Едноставниот потег на пуштање на тушот да тече во празно 20 минути кога ќе се вратите од одмор, или други долги отсуства од дома, може да ви го спаси животот, вели еден микробиолог.

Др. Том Макин го остава тушот да работи 20 минути кога ќе си дојде дома, без да влезе под него, а не се ни враќа едно 20 минути во бањата откако ќе го исклучи. Како што објаснува, процесот е мерка што спречува смртоносна бактерија која предизвикува здравствени проблеми опасни по живот. Тој вели дека времето додека е човек на одмор, стагнантната вода во главата на тушот може да стане токсична.

Ова значи дека луѓето се на поголем ризик да ја вдишат бактеријата наречена легионела, која предизвикува пневмонија и откажување на органите - и двете состојби можат да бидат фатални.

„Ги покривам носот и устата со една рака и го пуштам тушот со другата,“ вели тој. „После 20 минути го исклучувам и не се враќам во бањата уште 20 минути.“

Летно време ризикот е поголем бидејќи легионелата сака температури меѓу 20 и 45 степени. Ризични се и црева и прскалки во двор.

СЗО известува дека легионелата е во подем, најверојатно затоа што луѓето почесто се тушираат отколку да се бањаат во када. Во Велика Британија, на пример, годишно заболуваат околу 500 луѓе.

25 октомври 2023 - 12:05