Новите „стандарди за инклузивност“ се катастрофа за филмскиот свет

Да се принудуваат филмските работници да исполнат квоти за разноликост е скратување на уметничката слобода.

На филмскиот фестивал во Венеција, Данците Мадс Микелсен и (режисерот) Николај Арсел ги испрашуваа околу недостатокот на диверзитет во нивниот нов филм „Ветена земја“ - неидентификуван новинар посака да знае зошто оваа брутална приказна за расправии околу земја сместена во Скандинавија во 18 век е целосно нордиска.

Арсел одговори: „Прво, филмот е сместен во Данска во 1750-те“ и публиката се насмеа, исто и Микелсен. Затоа што, да бараш историски филм да се вклопи во денешните стандарди за разноликост звучи апсурдно. Но, Академијата за филмски науки и уметности што ги организира Оскарите не се согласува дека е апсурдно. Благодарение на нивните нови „стандарди за инклузивност“, „Ветената земја“ може веќе да не може да конкурира за Оскар за најдобар филм.

Стандардите стапуваат на сила догодина и бараат барем третина од екипата што работи на филмот (и пред и зад камера) да биде од „недоволно застапени групи“. Ова е реакција на #OscarsSoWhite и други активистички притисоци од последниве неколку години.

И ова не е прв пат во историјата продуцентите да наметнат строги правила во филмската индустрија - правилникот Хејс владееше со американските филмови од ‘30-те до ‘60-те, а бранеше пцуење, голотија, графичко или реалистично насилство и сексуални убедувања. Ова беше реакција на проблематичниот морал што го зафати Холивуд по Големата депресија.

Но, ова не е само барање да се држиш до пропишани правила, туку е барање уметниците активно да промовираат одредени политички идеи во нивната работа. И ова ја поткопува суштината на кинематографијата, односно, уметноста на претставувањето. Со налагање што, кој и како индивидуите треба да се портретираат, овие нови стандарди елиминираат простори за уметничко истражување.

И не е само Холивуд - во Велика Британија има уште едни „стандарди“ од 2019, а Европската филмска академија воведе свои во 2022. Сега Креативна Европа финансира само филмови што отелотворуваат инклузивност и родов баланс. Истите принципи се наметнуваат и на маркетинг и дистрибуција - со бескрајни правила и работилници.

Германскиот поет Фридрих Шилер има кажано:

„Уметноста е ќерка на Слободата и мора да се храни од потребите на духот, не од барањата на материјата.“

Кога уметноста ќе се сведе на алатка за стигање до некаде, наместо да биде самата дестинација, престанува да биде уметност. Станува пропаганда, сад за промовирање порака. И токму затоа, според Шилер, уметноста не смее да биде во окови. Уметникот мора да има слобода да портретира и претставува вистини само како што тој, или таа ги гледа.

Затоа новите стандарди на Академијата се толку лоша вест за филмот. Кога надворешни авторитети диктираат што мора да се претстави, се еродира есенцијата на уметноста и се стеснува просторот за креативниот процес. Ако Холивуд сака да направи хомоген и неинспиративен филмски релјеф, на одличен пат е да стигне до тоа.

-Марен Том

1 ноември 2023 - 14:10