Прво, еден дисклејмер: на пазарските четки за шминка ама ич ништо не им фали. А не се ни 10 евра.
Откако извади неколку колекции шминка, кои поминаа феноменално, без разлика на повремени незадоволства (низок квалитет, расцветани апликатори, неодговорен кол-центар), Кајли Џенер реши да проба и со четки за шминка.
За споредба, вака изгледаат кинески четки од 14 долари:
И покрај тоа што четките од синтетички влакна генерално се пофрендли за нанесување шминка, Џенер се одлучи за четки од природни влакна и лепејќи го нејзиниот бренд и асоцијацијата со нејзините милиони, со тоа се обиде да ја оправда цената на комплетчето:
360 долари (без пресметан данок и испорака).
Не е дека не постојат други скапи комплети со четки. Не е дека и Кајли ова не проба да го искористи како аргумент, обраќајќи им се на фановите на Твитер со едно „ама дечки, ова се вистински влакна, и другите четки од вистински влакна се скапи.” Сопствениците на некои од најголемите Јутјуб канали за шминка нејќеа да чујат, со оглед на тоа што без разлика што има милионско име, Кајли Џенер е сепак онлајн бренд и тоа од пред некоја година, и не може да се споредува со величини како Мек, Артис, Кевин Окуан и слични.
Незгодното е што покрај овој твит, Кајли додаде дека секогаш се бори за најниски можни цени на нејзините производи. А ја користи лабораторијата на Колорпоп, кои имаат драматично поевтина шминка.
Во рок од неколку дена, се изредија неколку најгледани Јутјубери да ги пробуваат и заклучокот е од прилика ист:
Четките се во ред, ништо посебно.
Пакувањето е како од Али Експрес.
Цената е ненормална затоа што добивате (под)просечен квалитет, спакуван ужасно (со едни иритантни лепачиња што треба да се потрудите да ги извадите од четките) за 400 долари (кога ќе додадеш данок и испорака).
Сето тоа испратено со коментари „да не се занесува”, „да не се споредува со сериозни брендови” и „јас имам бренд за шминка, знам колку чинат овие работи.”
Обично, кога сакаш да ставиш таква цена, се внимава на материјали, на тежина, на луксузно, мазно, тешко пакување, или па се фокусираш на уникатна идеја како тие на Storybook Cosmetics (кои исто така не се толку скапи).
Во новиот сет на Кајли нема ништо од ова.
Еве што вика Џефри Стар:
Еве што вика Лора Ли:
Еве што вика Мени МУА: