Можно е „Џокер 2“ да личи на еден мјузикл од ‘80-те

Еуфоријата изгледа почнува, а главната еуфорија доаѓа за помалку од година.

На „Џокер“ веројатно не му требаше продолжение, ама еве го, иде - Joker: Folie à Deux е на пат и покрај контроверзите (уште од првите фотографии и снимки, едни се радуваа дека ќе биде одличен, други трубеа дека доаѓа чиста глупост).

Според кинематографот на филмот, Лоренс Шер, ќе биде големо изненадување и плус откри една од клучните визуелни референци, што пак открива нешто за музичките корени на филмот.

Детали сè уште има малку, но работниот наслов се однесува на медицински термин за ментално нарушување од кое страдаат двајца или повеќе луѓе. Улогата на Гага ќе биде поинаква инкарнација на ликот од таа на Марго Роби.

Ама, поважното прашање: Дали е мјузикл?

Наводно, музиката ќе има поголема улога во продолжението и медиумите тврдат дека Гага е веќе видена како пее на снимање. Тие нагаѓања за мјузикл доаѓаат и од изјавата на Шер кој вели дека позајмил од One From The Heart на Копола - филм што пропадна и критички и комерцијално, а беше мјузикл со чудесна, неонска палета на бои.

Друго ново е фотографијата што режисерот ја објави на Инстаграм откако заврши снимањето - од Гага како Харли:

Филмот доаѓа на 4 октомври, 2024.

2 ноември 2023 - 16:00