Зумерите се полиберални околу неверство

Едно ново истражување покажува дека помладите генерации имаат тенденција да кажат дека врската треба да е физичка за да се „брои“ како изневерување.

Прашале над 1500 учесници дали врската треба да е физичка за да се смета за неверство.

Под „нефизичка“ спаѓа сè од секс преку пораки до емоционални афери. Цели 55 проценти од возрасните луѓе на сите возрасти се согласуваат дека во некои услови, нефизичка афера може да се смета за изневерување.

Но, тука генерациската приказна станува интересна - кај Генерацијата З (родени меѓу доцни 1990 и рани 2010), само 48 проценти кажале дека нефизичка афера се смета за прељуба. Меѓу миленијалците (родени од 1981 до 1996), бројот расте на 55 проценти, а кај Генерација Икс (од 1964 до 1980), 58 проценти мислат дека нефизички вплеткувања се неверство.

Значи главно, колку помлади, толку повеќе склони да имаат „жена од работа“ (кога имаат близок колега или колешка и си се викаат маж/жена), или праќање секси фотографија надвор од моногамната врска.

Зошто токму зумерите ги минимизираат онлајн врските, без разлика дали се работи за флерт во пораки, или секс написмено и на оддалеченост? Веројатно се работи за избегнување на „опасностите“ на интимноста - непријатност, компромис и можно одбивање, иако тешко дека ќе можат да ги избегнат како составен дел од младоста. Она што е важно за сите возрасти според терапевтите е двете страни во врската да се имаат разбрано околу употребата на социјалните мрежи и што точно сметаат дека е изневерување, а што не.

26 октомври 2023 - 12:39