Метју Пери: „Памтете ме по добро“

„Сум имал многу подеми и падови во животот. Уште работам на тоа, но она што е најдобро кај мене е што, ако ми пријде алкохоличар или зависник од дрога и ми рече ‘Ќе ми помогнеш ли?‘, секогаш ќе кажам да, знам како се прави тоа.“

Ќе го направам тоа за тебе, без разлика што не можам секогаш за себе. И така правам, секогаш кога можам. Групно, или еден на еден.

Затоа ја создадов Куќата Пери во Малибу, установа за трезно живеење за мажи. Ја напишав и драмата „Крајот на мечтаењето“ која е моја лична порака до светот, претерана форма од мене како пијаница. Имав нешто важно да им кажам на луѓето како мене и на луѓето што сакаат луѓе како мене.

Кога ќе умрам, знам дека луѓето ќе зборуваат за Friends, Friends, Friends. И мило ми е што е така, среќен сум што имам силни дела како актер, и што сум им дал на многу луѓе повеќе шанси да ги исмеваат моите битки на интернет...

Но, кога ќе умрам, што се однесува до моите таканаречени достигнувања, би било фино ако Friends се подалеку под нештата што ги правев за да им помогнам на другите.

Знам дека нема да се случи тоа, но би било фино.

-Метју Лангфорд Пери

(19 август, 1969 - 28 октомври, 2023)

30 октомври 2023 - 11:08