Што мисли Стивен Кинг за „Сјаење“ на Кубрик?

Стивен Кинг, млад (со фризура, со све) кај Летерман во студио. Реагира на „Сјаење“ ама и другите муабети се интересни.

„На моменти е беспрекорен, а на моменти ми се чини како да сум му дал жива граната на Стенли Кубрик, а тој се фрлил врз неа.“

Зборува и за стравовите и за она што ги тера луѓето да читаат и да гледаат страшни работи.

Инаку, Стивен Кинг има продуцирано своја верзија на „Сјаење“, многу поверна на настаните во книгата, со Стивен Вебер и Ребека Деморни. Не е епска како таа на Кубрик, ама фино е да се види.

25 октомври 2023 - 12:15