Има нов трејлер за „Кутри суштества“

Филмот ќе биде еден од најдобрите за 2023, ќе видите.

Инспириран е од книгата со исто име од Аласдер Греј, кој ја има напишано во 1992, за жена што се дави за да избега од сопруг што ја малтретира.

Режисерот Јоргос Лантимос, кој очигледно гледа да се надмине себеси со секој нареден бизарен филм, се обрати на публиката на филмскиот фестивал во Венеција, пред да добие Златен лав:

„Беше многу важен дел од романот, нејзината слобода во врска со сè, вклучувајќи ја и сексуалноста,“ рече за ликот на Ема Стоун, Бела. „А второ, беше многу важно да не направам филм што ќе биде пуритански, затоа што така комплетно би го предал главниот лик. Мораме да бидеме самоуверени, а покрај тоа, како и ликот, да немаме срам.“

Ема Стоун исто така немала срам ни за телото, ни за голотијата ни за секс-сцените. Инди-Вајр за филмот рече дека е „хистерично смешен и најбезобразен што ќе го видиме цела година.“

Премиерата е на 8 декември.

19 октомври 2023 - 17:25