Од Космополитен издвоиле 15 изјави од видеото каде што Џефри ги отвара, ги пробува и по пат ги коментира четките, и заклучокот е - нејќеш да биде неимпресиониран од тоа што ќе го направиш.
1. За 360 долари, ова изгледа многу евтино. Како да е купено во „Сè за долар” продавница, стварно сум 100% искрен.
2. Ова ми е како алуминиумска фолија.
Кога Кајли рече дека се трудела цената да биде пониска:
3. „Секогаш се борам за најниската цена на моите производи.” Што има да се бориш? Ако е твој бренд, ти ја бираш цената.
4. Не знам баш дали четкиве чинеле толку многу да се направат. Ај да бидеме реални.
На изјавата дека брендови како Кевин Окуан продаваат по слична цена:
5. Ај една лекција по историја, Кевин Окуан беше икона од шминкер во ’90-ти. Има напишано книги што комплетно ја менуваат филозофијата на шминката и е легенда. Затоа малку ме нервира што некој што има линија за шминка толку кратко се споредува со легенда. Девојче, олади малку.
6. МЕК се легендарни, драга, долго време се на сцена, а со сите проблеми што Кајли ги имаше до сега, малку сум потресен околу цената.
За четката за течна пудра:
7. Пудрата е ставена, дефинитивно ми требаше долго време, зглобот ми вика „О, боже.”
За четката за коректор:
8. Ајде да пробаме со ова… Веќе нè нервира, не, се шалам. Но никогаш не би ставал коректор со оваа четка, и како што гледате, не се размачкува.
За четката за камена пудра:
9. Четката е фина, пуфкаста, одлично ја става пудрата. Ама имам една ваква за буквално една десетина од цената и го прави истото.
За одлуката на Кајли да искористи вистински влакна наспроти синтетички:
10. Нека ви текне, Кајли рече дека вистинско наспроти синтетичко е драстично поразлично, но на крај заборави да каже дека некои синтетички четки можат да бидат МНОГУ квалитетни.
За четките за очи:
11. Извинете, залепени се една за друга од тоа глупиот лепак во пакувањето. Не можам веќе, го мразам.
За тоа што нема четка за кармин во пакетот:
12. Ама ти ако си „Кралица на усните” и напумпаните усни те довеле до овде, девојче, каде ти е четката за кармин?
И на крај:
13. Генерално, 360 долари, плус данок, плус испорака. Нема шанси на мојата публика да ѝ препорачам да купи сет четки од 400 долари.
14. Овој сет со четки, со евтиново, веганско алуминиумско глупо сребро, едноставно не вреди за цената. Дефинитивно мислам дека плаќате за извикано славно име.
15. Совет за Кајли: Смири се со цените и дај објасни што толку се јаки вистинските животински влакна.
Еве го видеото пак: