Може конечно ќе се спасиме од она едно те исто шминкање

Пролетен список за пазарење: Црн молив за очи, зелена сенка и светло-црвен кармин. Поточно: моливот (или тушот) треба да биде црн и многу да фарба, сенката треба да биде трева-зелена, а карминот треба да биде blood orange.

„Порното не ме повреди, ама општеството да”

Некои од вас никогаш не слушнале за Бри Олсон, а некои поминале доста време со нејзе на екран. На 19 почнала да работи во порно-индустријата, а сега е веќе пензионирана. И без разлика што сака да продолжи понатаму со животот, нејзиното покварено опкружување, зад маска на една растрепкана неисквареност - не ѝ дозволува.

Тетките од Инстаграм имаат многу повеќе за кажување

Во свет каде што и на ситни 26-7 години понекогаш ти доаѓа да си речеш „ех, како не почнав порано”, да успееш на Инстаграм како фотомодел и моден ентузијаст е чудесија. Што значи дека Лин Слејтер, Сара Џејн Адамс, Линда Родин и Џудит Бојс се самите по себе едно многу убаво чудо.

Мора ли Фотошоп?

Не е ова реторичко прашање со негодување. Борците за социјална правда ќе речат „Никако, доста нè лажевте”, уредниците на големите модни списанија ќе речат „само дебели беснеат против фотошопирани манекенки”, а всушност дилемата е, до каде би требало да се оди?

Треба да знаете за Shaleva Couture

Shaleva е париски бренд за специфични парчиња со неколку колекции зад себе - и притоа - човек тешко може да спои една колекција со друга, без разлика што доаѓаат од истиот дизајнер. Можеби затоа што една знае да биде романтична, цветна и бисерна, а другата класична француска елеганција и да немаат врска меѓу себе, а сепак ги спојува креаторот на брендот - Душица.

Разлики во стил: Скандинавки vs. Французинки

Веќе почнавме да ги сонуваме правилата за француска мода, делумно затоа што стварно држат вода, а делумно затоа што се претера со нив во сите можни медиуми. А што знаеме за скандинавскиот стил и сите правила што важат таму? До сега, не премногу.

Видете што се враќа во мода

Маичката со „шпагети” прерамки што ја носевме за излегување во 2000-та, па сега ја носиме за спиење и за вежбање, се враќа.

Да ти е мерак да си жена во фирмава

Во една фирма во Бристол, не само што не се вадат од памет при спомнување на „женски проблеми” туку, ако си жена, ќе добиеш платено отсуство - кога ќе добиеш.

И „Мари Клер” е за на дното

„Мари Клер” е списание старо 80 години, преведено на 24 јазици, а на јазикот на денешницата - има 3.7 милиони следачи на Фејсбук. И една домишљата новинарка од таму реши да му направи статија како измислена за кај нас На дното.

Италијански правила за убавина

Додека сите отекуваат за француските правила и светот е опседнат со митот за Парижанката, се заборава дека едно време (а и сè уште) Италијаните беа поим за мода, а „италијанката” беше сè што жените се трудеа да го постигнат. И до некаде им успеваше, како што само до некаде денес им успева Французинката.

Никој нема да може да ја замени Ана Винтур

Минатата недела се раширија гласини дека Ана Винтур, семоќната уредничка на Вог и уметнички директор на Конде Наст ќе се повлекува откако ќе го затвори септемврискиот број на списанието. Конде Наст рече дека тоа се глупости.

Да се биде мајка на луѓе што го менуваат светот

Како мајка на Елон, најпознатиот иноватор на светот, Кимбал, претприемач за технологија и храна и Тоска, режисерка која неодамна започна стриминг сервис кој ќе ги носи љубовните романи на телевизија, Меј Маск го има истиот препознатлив робусен став.

Ќе видиме ли некогаш машко апче за контрацепција?

Тие што имате машки деца, ве фаќа ли понекогаш параноја дека „некад, кога ќе порасне, таму некоја може да му остане трудна?” Затоа што сега не мора да настапувате со хорор приказни за болести и несакани обврски на 16 години. Односно, продолжете вие со приказните, ама барем малку помирно ќе се спие: можно е да можете да им набавите апчиња.

Сали Хансен нокти ефтино

На човек на кој првиот добар лак во животот му бил Сали Хансен лак може ќе му биде тешко да поверува, ама кога ќе ти текне дека тоа е голема фирма што по дефиниција обично краде од малиот човек - па и не толку. Значи магнатот за лакови Сали Хансен го тресе скандал - со крадење финти од една што прави нокти.

Kако се живее кога си преубава?

Кого и да прашаш, првиот одговор би му бил „веројатно лесно и пријатно.” Веројатно би се појавил дури и презир и одмавнување со рака, со една самоувереност, како да се знае како „тие работи функционираат”. Една жена, некаде на крајот од шестата деценија од животот, за The Cut анонимно ја раскажува нејзината приказна за движење низ животот кога си преубава.

Меган, а да си одиш?

Кога си мала, сонуваш да бидеш принцеза. И после, кога ќе пораснеш тие соништа одат да умрат баш во бракот со еден принц.

Дали би изнајмиле деверуша?

На црева како нас не им недостасуваат луѓе за секоја можна свадбена позиција и обврска, плус тотално е бизарно да помислиш дека треба да изнајмиш човек за на свадба, а тоа да не е за фотографија или музика. Што не значи дека по свет не може да функционира, на пример: рентање на деверуши.

Токио поместува граници за улична мода

Фотографот Метју Сперцел петти пат ја покрива модната недела во Токио, и вели „Омилен пазар ми е за покривање - најдобар уличен стил според мене. Освен што сликам влегувања и излегувања од ревии, сакам да шетам низ улици и зад ќошеви и да наоѓам уште повеќе.”

Ако сте во фаза на уредување стан

...Тогаш зошто да не биде полупразен, а полн со поп-арт?

Историја на опсесијата со Французинки

Кој го создаде митот за „типичната Французинка”?

Како може сите жени на телевизија да ја имаат истата фризура?

Од вести, до серии, реални шоу-а, контактни емисии, па и филмови, сè што е женско и што ќе се појави на телевизија, ја има истата фризура. Онаа, така малце фениранка, ама не премногу. Божем свртена нанадвор, ама така, необавезно.

Има ли спас од „брзата мода”?

Или, уште поважно прашање - дали сме спремни воопшто да се откажеме од феноменот fast fashion, најмногу поради фактот што имаме една од најниските просечни плати во Европа?

Психологијата на „Yami Kawaii” или зошто никогаш нема да ги разбереме Јапонците

Во уште еден величествен пример каде модата врши директно влијание врз општеството, а во случајов - статитстичките податоци за стапката на самоубиство во Јапонија, Refinery29 нè запознава со Yami Kawaii. Едноставен превод нема, ама ако мораме, тогаш - нешто слатко и мило, со многу мрак во него.

Можно ли е да е ова најдоброто видео за шминка?

Без да дискутираме за социолошкиот феномен наречен инфлуенсери, можеме да заклучиме дека многу од нив тврдат (и бескрајно се среќни) што тешката шминка со многу слоеви и производи останува во 2017-та и треба да ѝ кажеме чао.