Ако се осмелите да напишете „french style” во search на било кој магазин на интернет, не само што ќе има резултати, туку веројатно ќе има илјадници резултати, како доказ дека секоја уредничка или писателка во магазинот бар еднаш се фатила за оваа вечно занимлива тема, цедејќи ја до максимум, обрнувајќи внимание на секоја подточка посебно, без разлика дали е коса, шминка, начин на облекување или избор на кафе - опсесија стара повеќе од 120 години.
А сепак, меѓу сите тие фото и видео статии што личат една на друга, се наоѓа и по нешто што е ново и освежително. На пример, кои се разликите меѓу францускиот и скандинавскиот стил? Две девојки, секоја со шестцифрена бројка претплатници на нивните Јутјуб канали, една од Франција, една од Шведска ги споредуваат правилата од дома за тоа како една жена треба да изгледа. Некои работи се слични. Многу работи се различни.
Дел прв и први 5 прашања:
Дел втор и втори 5 прашања (од кај 0:30):
Друга среќна вест е што Џени Мастард (Швеѓанката) е откриена. Касниме, ама ќе надокнадиме, има многу да се види од нејзе.
Во меѓувреме, може ќе ве интересираат и италијанските правила за убавина.