Историја на опсесијата со Французинки

Кој го создаде митот за „типичната Французинка”?

„Како да бидеш Французинка” е веќе жанр, што зема посебен замав во ова време на интернет, затоа што каде и да се свртиш, те напаѓаат наслови на филмови, книги, статии, парфеми, тетратки, облека и цел еден Вог, кој всушност е главната причина што денес светот е опседнат со тој имиџ.

За овој мит, кој патем вреди милијарди долари и ги полни џебовите на десетици индустрии, еднаш пишувавме овде, а накратко, изгледа вака:

Таа е интелектуалка, интересна, малку романтична – но не ги одобрува стварите многу лесно, а не се ни смее пречесто. Ќе трчка со балетанки од Шанел, или боса ако е на одмор. Има свој парфем. Јаде сирења без размислување и цела вечер ќе лигави една чаша вино затоа што е мајстор за умереност. Скоро секогаш е бела, хетеро и слаба, и можеш убаво да ја замислиш само ако тенденциозноги игнорираш сите други Французинки чија што дневна рутина не вклучува возење точак покрај Сена во мини сукња и со багети под мишка.

Too much? Очигледно не, затоа што опсесијата не само што продолжува во 2018-та, туку трае од 1892-ра. Цели 126 години, од првото издание на Вог, списанието го фали и го величи францускиот начин на живот, притоа на Американките (од кои па, учи целиот западен свет) наметнувајќи им го како еден (не)достижен луксуз, за кој само се чита во книги и се гледа на филмови, а ако успееш да го поживееш тогаш си еднорог.

Среќа па ние сме понавака во светот, па јасно ни е дека ретко Французинките влегуваат во тој стереотип. Точно, имаат една заедничка нишка, но тоа никогаш не е беретка, црно-бела маица и пудлица на каиш.

А го пикаат светот тоа секаде. Еден фризер, на пример, еднаш сакаше да каже дека и коса може да се мие како Французинка. Далеку пооправдано, една француска јутјуберка со канал на англиски, реши да дава совети за парфеми, притоа додавајќи си кредибилитет што самата е Французинка, во едно многу пријатно видео - Сè што треба да знаете за парфеми.

Сè си добива смисла кога ќе погледнеме малку во историја:

30 март 2018 - 17:07