Човеков сака да ви каже дека и коса се мие „Како Французинка”

Хм. Ниедна женска порција од нациите ширум светот нема толку „посебен” начин на правење на работите како што тоа го прават Французинките, очигледно. Сега сме до миење коса.

Едно време нè советуваа дека треба два пати шампон. Сега викаат ако можете поретко и ако можете да се извадите со сув шампон - супер.

Она што треба да се запамти е фино измивање на производот затоа што скалпот треба да дише.

Ако имате тенко влакно, не претерувајте со често миење.

Паметно е да стиснете заби и последното миење да ви биде со ладна вода.

Овие и слични совети ги дели Кристоф Робен, што кога ќе го видите скроз ќе ви биде верно дека е гуру за коса. Па и кога ќе го чуете. Не се секирајте, има титлови.

Кога сме веќе на темава: 

„Типична Французинка“ - мит вреден милијарди долари

и

Сè што треба да знаете за парфеми, од Французинка

26 септември 2017 - 18:18