Кога Џилда Амброзио ќе влезе во просторијата, или додека парадира по улици на големо задоволство на стрит-стајл фотографи, лесно се препознава по мафтањето на нејзината долга, црна коса. Убавината ѝ е многу важна - плус, во ДНК ѝ е, затоа што колку и да е зафатена италијанската жена, секогаш е сигурна дека косата ѝ е средена, а ноктите уредни, како што објаснува 25-годишната Амброзио. Трикови позајмува од баба ѝ, а признава дека поминува саати и саати во фризерски салон, каде што ѝ ја фенираат косата до совршенство, некогаш дури и четири пати неделно, но штеди на време кога се работи за шминка. Според неа, на шминката Италијаните ѝ приоѓаат многу понежно отколку Американците. Зборува за италијанските тајни за убавина, омилените адреси во Милано и финтите за постигнување на тој belladonna сјај.
За италијанскиот изглед:
Пораснав во јужна Италија и вистински верувам во медитеранската убавина - големи усни и темна коса - но сепак мислам дека и русокосите се многу атрактивни! Италијанките се секогаш средени, со фенирани коси и совршени нокти. На тоа не штедат време, дури и кога се зафатени. Не се навикнати на некои од американските хакови за убавина. Трепките и шминката се многу понежни кај нас.
За најубавите жени:
Пораснав со филмови на Фелини, значи Ана Мањани, Софија Лорен и Вирна Лиси ми се италијански музи. И Моника Белучи. Клише е, но сепак ја отелотворува италијанската естетика.
За сјајна кожа:
Никогаш не носам шминка, но постојано ги ставам сите навлажнувачки креми што ги имам. Ла Мер и Карита ми се омилени. Медитеранската исхрана е нешто што навистина дава сјај. Се гледа по тоа што кожата ви станува многу посветла и почиста.
За совршена коса:
Три пати неделно ќе ме најдете на фризер, како се фенирам и пијам сок. Никогаш не ја мијам косата дома. Затоа е секогаш толку совршена. Во хаотичен ден, ми помага пунџа и црвен кармин.
За најголемата италијанска тајна:
Баба ми ми е најдобар извор за трикови за убавина. Не смеам да кажам колку години има, но нема ниедна брчка на лицето.
За дочитување: Донатела Версаче одговара на 73 прашања