Обично оваа симпатична рубрика на Вог е ведра, со прашања толку случајни и едноставни, што ти доаѓа како пауза меѓу обврски.
Таква е и овој пат со Донатела Версаче, со тоа што, некаде околу средина добива една тажна нота кога ќе прозбори за брат ѝ. А сепак, се работи за позитивна личност, за која што најголемата заблуда е дека е ладна, дистанцирана и непријателски настроена.