Психологијата на „Yami Kawaii” или зошто никогаш нема да ги разбереме Јапонците

Во уште еден величествен пример каде модата врши директно влијание врз општеството, а во случајов - статитстичките податоци за стапката на самоубиство во Јапонија, Refinery29 нè запознава со Yami Kawaii. Едноставен превод нема, ама ако мораме, тогаш - нешто слатко и мило, со многу мрак во него.

Во обид да истражи една посебна субкултура во Токио, Кони Ванг од Refinery29 оди да се распраша директно кај нејзините главни протагонисти. Дознаваме дека психичките болести и депресијата се многу повеќе табу таму отколку кај нас и дека постојат млади луѓе кои преку облеката и додатоците нашле начин да се справат со нивните мрачни мисли.

Од таму доаѓа креативност, уметност и начин на живот кој пак инспирира уште еден куп луѓе да научат да се справат со нивните темни страни, притоа завивајќи ги во пастелни бои.

Инаку, кој се ежи од јапонски хорор - да не гледа:

 

29 март 2018 - 16:48