
Имаме ли ние една именка за „една што прави нокти”? Како и да е, Еун Кјунг Парк од Сеул е најбитна и најпопуларна за таа работа, и тоа не само локално, со оглед на нејзините 253.000 следачи на Инстаграм.
Парк ја сметаат за креаторот на нокти „како скршено стакло” и „нокти со жица”, бидејќи некои луѓе сакаат очигледно да имаат нокти со жица. А СХ има нови апликации за нокти од скоро, во чест на корејските трендови за нокти и гордо ги претставува. Се викаат Glass, Diamond и Wire (стакло, дијамант и жица).
Неколку битни и влијатлени Инстаграм ликови го искористија викендот јавно да ги искараат СХ затоа што копирале, но сепак, најнепријатното дојде токму од Парк:
„Ми се обративте минатата година да предложите соработка, што беше многу возбудливо затоа што мислев дека тоа ќе биде почеток на вистинско партнерство. Наместо тоа, донесовте одлуки без да ме вклучите. Дознав откако дизајните на #glassnail#wirenail беа продадени без мое знаење.”
Поддржувачите на Парк, со задоволство им се натнаа на СХ, во над 800 коментари, плус некои побараа спорните производи да бидат повлечени од Таргет. Таргет не кажа ништо, но ако ги побарате на сајтот - повеќе ги нема. Тоа не значи толку дека Таргет се согласува, колку што може да значи дека на никој, ама на никој не му се расправа со разулавена Инстаграм банда.
Од СХ го изјавија следното (и држи вода):
„Неодамна го лансиравме K-Beauty Design Kit, трендовски производ со кој се гордееме и кој го планираме долго време. Секогаш кога ќе развиеме нов производ, бараме нови трендови од многу извори. Се консултираме со надворешни соработници за следење трендови, работиме со внатрешни и надворешни креативни тимови и бараме совети од добавувачи. Како најголем инфлуенсер за дизајн на нокти, се разбира дека Еун Кјунг беше инспирација, како што е за целиот тој свет на нокти. Но таа не беше ни единствениот, ни првиот извор на возбуда околу овие трендови кои имаат над 125.000 референци само на Инстаграм, со постови што датираат уште од 2012-та. Се восхитуваме на талентот на Еун Кјунг и жал ни е што мисли дека чувствуваме нешто помалку од восхит за нејзината работа.”