Гаронс Доре: Сакам дистанца

„За 15 години, можеби, Јутјуб ќе биде огромен. И одлично е сега да се создаде мрежа, да се земе моќта во раце и да се направи нешто поинакво. Сега треба да креирате сајт, или видеа, затоа што подоцна, тоа место ќе биде зафатено.”

100-годишни жени имаат нешто да ви кажат за убавина

„Се дотерувам за себе, затоа што не знам што ќе правам или каде ќе завршам,” вели на пример Френсис, која има 103 години.

Како НЕ се интервјуира Карл Лагерфелд

Ако до тебе седи еден од најбрилијантните дизајнери на денешницата и ти дале (или сама си си дала) задача да го интервјуираш за последното што го направил, би требало да бидеш почестен, и да поставуваш занимливи прашања, притоа внимавајќи дека во тој момент тој е поважен од тебе и има повеќе да каже, така? Ако си оваа Лора Браун од Харперс Базар, не.

Учиме како се изговараат имиња на дизајнери

Учевме како се изговараат брендови, за еднаш засекогаш да престанеме да тресеме кога ќе одлучиме да се правиме паметни. Ама, зад истите тие брендови, стојат кошмарно покомплицирани имиња на дизајнери, од кои некои се толку напорни што не е ни криминално да ги згрешиш.

Видете што направи Баленсијага

Најавено беше дека кога-тогаш ќе нè снајде мејнстрим мода закитена со крокс, ама дека Баленсијага ќе се одважи да пушти крокс со украси и огромна платформа на писта во Париз - не ни беше најавено.

Што значи да бидеш дете во Плејбој куќата

Кејти Манзела е комичарка од Лос Анџелес и ќерка на поранешна зајачица со прекар Бејби Блу. Голем дел од детството поминала во Плејбој куќата, за која тврди дека секако имало забави, но имало и семејни денови, со вечера, филм и бањање во базен.

Валери фон Собел го уништува стравот од стареење

Заборавете сè што до сега сте знаеле за жени над 70 години. Во клип совршено точно насловен како „Оваа 76-годишна жена повеќе се разбира во убавина од вас”, Валери фон Собел објаснува како успева да биде толку убава и денес.

Овие изгледа не чуле за јорган од чеиз

Gravity ќебето е Кикстартер проект осмислен со цел да му се помогне на делот популацијата што има проблеми со спиење - поубаво да спие. Имено, ќебето е конструирано еднакво да ја распоредува својата тежина од 6 до 9 кила врз тебе, за ти кога ќе си легнеш да се почувствуваш како некој да легнал врз тебе. Тоа божем е удобно и се чувствуваш заштитено, ама да се разбереме, нашите прабаби одамна го имаат ова хакнато.

Кога маж ти мисли „дека е можеби геј”

Една жена се мажи за забавен тип што сака да се дотерува. Ништо спорно тука, така? Да, ама ѝ помага и да избере венчаница, и многу сака антиквитети и јакната му е со анимал принт од внатре... Да не претеруваме? Ај до тука можеби, ама не е баш совршен брак ако ти рече „знаеш што, ја не дека ќе направам нешто, пу пу, ама нешто се загледувам во мажи.”

Еден мал, црн фустан - 32 начини

Не дека не знаевме, ама никогаш не боли да се потсетиме уште еднаш колку се многу опциите кога ќе ти се погоди малиот црн фустан.

Еволуцијата на модната недела во Лондон

Дискусија за тоа како London Fashion Week се менува со текот на времето – од тоа кои дизајнери се бираат, до како соработуваат и како Лондон се разликува од другите модни метрополи.

Дизни принцези и дизајнерски штикли

Норманд Лемеј и Гризелда Састравината Лемеј се брачен пар, двајцата вработени како аниматори во Дизни. Ама од оние аниматори што не седат мирни, туку го частат светот со ствари од типот „Што ако Снежана носеше Валентино?”

Жени на аеродром

Она кога си нешто најфилмски дотерана, затоа што идеш на авион и не ти се верува колку си јака, сè до моментот кога ќе ти свирне сензорот, и типот од другата страна ќе рече „вади сè”.

Човеков сака да ви каже дека и коса се мие „Како Французинка”

Хм. Ниедна женска порција од нациите ширум светот нема толку „посебен” начин на правење на работите како што тоа го прават Французинките, очигледно. Сега сме до миење коса.

Селотејп, шминка и лакови

Каква врска има селотејп со убавина? Според видеово, за нокти и за шминкање очи е одличен. За уста... Да не претеруваме.

Коко Шанел и флертот со нацистите

Ако сте го гледале Малена, знаете дека секоја жена што успеала да процвета во Втора светска војна на страната на непријателот завршува на сред плоштад, со искинати алишта, пребиена и со избричена глава. Но, не и Коко Шанел.

Надреализмот како инспирација за шминка

Салвадор Дали најверојатно би бил воодушевен.

Некои вистини за косата

Со таква една леснотија сите што се разбираат во коса ти викаат „а бе, само легни си со витлери и сабајле имаш фризура”, како никогаш да не се разбудиле сабајлето со афро, наместо со очекуваните романтични локни.

Версаче нè уби со носталгија

На 20-годишнината од смртта на Џани Версаче, Донатела ја извади колекцијата пролет 2018, инспирирана од неговите најдобри парчиња. И затоа што датумот беше таков, реши да појача со неколку ликови кои беа ултра важен составен дел од најсјајните години на модната куќа. 

Жена според Мајкл Корс

По повод излегувањето на новиот парфем Sexy Ruby, Лиса Нивен од Вог го испрашува Мајкл Корс што треба да бидеш ако сакаш да бидеш во иста линија со неговата идеја за брендот.

Москино пак претера, и пак го сакаат

Џереми Скот, дизајнерот на Москино, веројатно во еден период од животот толку се има изнервирано од модниот свет и како сè проаѓа, што најверојатно помислил „сега ќе правам глупости и ќе ми пројде, ќе видите.” Барем тој впечаток се потврди на последната колекција на Москино за пролет/лето 2018, а богами и последните десет и повеќе.

Се продаваат предмети од личната колекција на Одри Хепберн

И на пример, мантилот и куферот баш ви требаат и немојте да викате дека не е точно.

Како се добива седиште во први редови на Fashion Week

Ама ако не си Ана Винтур, туку обична млада девојка, опседната со мода и со Александар Ванг во Гугл алертс.