Марџори Елиот и „целиот тој џез” во нејзиниот мал стан

Замислете, само на момент, дека се мислите дали во недела ќе одите во таен џез клуб, наместо дали ќе бидат затворени улиците пред собрание и влада.

Во последниве 25 години, Марџори Елиот секоја недела држи бесплатни џез концерти за непознати во нејзиниот мал њујоршки стан. Во нејзиниот салон буквално се служи најдобриот џез во градот. Тајната џез кралица на Харлем сама го оддржува музичкото наследство на едно маало кое чувало легенди како Дјук Елингтон и Били Холидеј за време на неговата ренесанса.

Копчето бр. 555 почнува да ѕвони уште во 3:30 попладне. Секоја недела. И секоја недела, чекаат музичари за да ја импресионираат домаќинката. Елиот ги срдечно ги поздравува и нив и гостите, вечно облечена во својот шарен фустан од кафтан.

Луѓето ја посетуваат религиозно, како неделна молитва, а љубителите на музиката го бираат баш станот на Марџори, наместо важни џез-клубови во центарот на градот. Има топло, црвено осветлување, распар перничиња на 50 столчиња на расклопување и вистински стан, во кој се гледа дека некој живее. Ова нуди една интимност што никаков бар не може да ја обезбеди.

Без разлика што клубот е „направи сам(а)”, Елиот е прогласена за њујоршка институција од Центарот за урбана фолк култура во 2015-та. Во 2016-та добива награда за животно дело од Асоцијацијата на водичи на Њујорк Сити. „Марџори Елиот ја претставува самата душа на Њујорк Сити,” вели претстедателот на асоцијацијата, Мајкл Дилинџер.

Сега Елиот е и официјално џез легенда.

Оваа награда, плус фотографии и многу флаери за концерти се гледаат на ѕидовите на нејзиниот предвоен стан. А центарот на внимание се секако музичарите и инструментите. Марџори почнува со пијано и кани разни музичари да свират други инструменти, да пеат, дури и да рецитираат поезија.

Нејзиниот домашен џез почнува пред 25 години како начин да се справи со загуба - починати ѝ се двајца синови, а третиот едноставно е исчезнат. Четвртиот понекогаш го ќе го погали пијаното и плаче.

Затоа и се случува таа на публиката на сред концерт да ѝ рече „Вие сте ми мене потребни,” за време на концерт.

Нејзината публика е разнолика, па дури и интернационална. Доаѓаат од секаде само за да ја слушнат како свири. А кога не свири, Марџори го организира шоуто, осмислено до детали. Стои во задниот дел на еден ходник, им дава инструкции на музичарите и го следи ритамот.

А музичарите доаѓаат да ја импресионираат токму неа. Да се вклучи во настапот и да танцува значи дека си постигнал врвен успех.

Во ’20-тите, се појавил социјален феномен познат како Harlem rent party кој одиграл огромна улога во развојот на џез и блуз музиката. Забавите во сопствените станови, луѓето ги организирале за да соберат пари за кириите, кои се граничеле со изнудување. Тајниот џез клуб на Елиот е урбан мит кој сведочи за тоа време.

Како изгледа тоа?

15 март 2018 - 09:49