Жената што владеела со Париз од кревет

Во 19-ти век, најчесто посетуваната знаменитост на Париз бил душекот на Valtesse de la Bigne. Нејзината приказна е класична Пепелашка-приказна, каде што принцот е всушност самата Пепелашка, и не станува принцеза туку куртизана. Нејзиното влијание врз најмоќните луѓе во таа ера сè уште се чувствува во денешен Париз.

Кога една поп ѕвезда ќе ја извади шминката

Или попрецизен наслов за видеото: Деми Ловато вади шминка пред спиење. Ова, што меѓу нас од оваа страна на камерата е попознато како „на Господ бељата” овде е направено да изгледа доста гламурозно, и истовремено смирувачко за гледање.

Девојки, не се мажите проблем

Ако си жена и не ти текнува кога последен пат си ѝ признала успех на друга жена - во тебе е проблемот.

Најголемиот аристократ меѓу француските дизајнери

„Неговите фустани потсетуваат на онаа првата, најдобра чаша шампањско.”

Какви прашања се поставуваат на уметник?

Затоа што најглупото прашање што можеш да му го поставиш на човек што се бави со креативна работа е „Што работиш сега?”

Правнуката на Фрида Кало не е задоволна од барбиката

Мател мислеше дека лесно ќе помине со ставање на барбика и Фрида Кало во иста комбинација. Изгледа заборавија дека често фановите на Фрида ич не се фанови на Барби.

Моника Левински: Што не кажавте порано

Моника Левински се предомисли, па сега од цврстото тврдење дека се согласила на аферата со Бил Клинтон, „нешто размислува” да не можеби, случајно - била жртва. Не дека е забрането да се навратиш на нешто и да го погледнеш од поинаква перспектива. Проблемот е што ни самата Левински не е баш сигурна. Битно #MeToo ја пречека со „где си куќо стара”.

Паметни начини да бидете мрзливи

Во основа, паметно е човек да се обиде да биде малку помрзлив. Мора да има начин да се работи и да се одмара.

До нови цицки со плави картони

„Зошто разубавувањето да не им биде достапно и на сиромашните?” Зошто де, и ние се прашуваме.

Имаме ние уште многу работа

Додека едни се трудат да унифицираат облека за машки и женски деца, други сè уште произведуваат розеви и црни пакувања за истиот производ, за да разграничат што треба да користат жените, а што мажите. И бисери - колку сакаш.

Следната Барбика што ќе ја купите нека биде Фрида Кало

Децата ширум светот наскоро ќе можат да си играат со Фрида Кало, Амелија Ерхарт и Кетрин Џонсон барбики, а ќе можат да бираат од уште 11, кои ќе се прават во чест на инспиративни жени од историјата и денес.

Актерката заради која денес имаме ви-фи

Во Златната ера на Холивуд, во која жените често служат за украс, или за Луис Б. Мајер да се изживува врз нив, има една Хеди Ламар.

А сега, празнични вести

Долго пред #MeToo и пред да се освестат дека не се доволно застапени на секое кариерно поле, жените се мачеа со душебрижнички коментари за тоа што треба да прават, како тоа, зошто, зошто не, кога и слично.

Феминистките забораваат дека и науката е аргумент

Во борбата за еднакви права, тешкото е да се признае дека без разлика што мажите и жените заслужуваат еднакви можности - не значи дека ќе ги искористат. И уште една работа за соочување: не сме исти. Значи ли тоа дека биологијата и еволуцијата се мизогинистички науки и треба да се плукаат на Твитер? Ха.

Максин Ешли објаснува како до совршен „cat eye”

Дури и да не ти е позната, самиот факт што ова на сликава раскажува како се шминка, па уште и објаснува како ти да го постигнеш тоа, те тера да слушаш како учениче.

Што добија тие што не добија Оскар?

Со симпатично име - Everybody Wins, агенцијата Distinctive Assets и оваа година им испрати поклони (пакети со поклони) на сите номинирани.

Да поразговараме за оскаровскиот накит на Гал Гадот

На присутните им требаше маска за заварување кога се појави Гал Гадот во Живанши, и да успее едно парче накит да одвлече внимание од сето тоа, стварно треба да лежи многу работа во него.

Оскари: Најдобрите фустани на сите времиња

Во право е Хал Рубинштајн од Инстајл, кога кажува дека модата на Оскарите стана толку важна со текот на годините, што ги засенува и самите категории. 

Како жените реагираат на порно гифови на Тамблр

Веројатно колку жени, толку реакции. Тие што сакате Тамблр, веројатно знаете дека, освен ако не вклучиш Safe Search, ниедно пребарување не е безбедно од рандом разиграни гениталии, такмичења кој ќе објави појезив еротски гиф и плус знаете дека Тамблр ич, ама ич нема предрасуди во однос на сексуалност и ќе ви го покаже тоа.

Тајниот живот на еден модел за тело

Веројатно сте збунети, затоа што „нели сите се модели за тело, евентуално за фаца?” Е па, ова е баш за делови од тело.

Ништо од носење црно на Оскари

После тие координирани напори меѓу главните фаци во Холивуд да носат црно на неколку доделувања на награди во поддршка на Time's Up, наводно, за Оскари нешто не успеале да се договорат

Брендот што совршено го разбира зборот „фетиш”

Ла Фетиш може ви звучи како бренд за безобразна долна облека, а всушност се работи за нешто од сосема друг жанр. Овој француско-шкотски бренд за женска облека го почитува значењето на зборот, но сепак во еден поинаков правец - парчињата што најмногу уживаме да ги носиме.