Ништо од носење црно на Оскари

После тие координирани напори меѓу главните фаци во Холивуд да носат црно на неколку доделувања на награди во поддршка на Time's Up, наводно, за Оскари нешто не успеале да се договорат

Како може да се толку добри првите два?

Според Њујорк Тајмс, активистите на Time's Up не бараат од ѕвездите да облечат црни фустани и костуми, иако „би ценеле” значка.

Холивудската коалиција Time's Up, инаку сè уште работи на подигање на свеста за сексуално вознемирување и малтретирање на работно место по обвинувањата против Харви Вајнстин и еден куп други, и нејзиното присуство на големо се чувствуваше на сите поголеми филмски настани.

Сè уште не е јасно како ќе го вклучат сега на 4-ти март, ноќта на Оскарите, но претседателката на Ејбиси (мрежата која ќе врши телевизиски пренос), Ченинг Данги се надева дека „ќе се испочитува Time's Up и ќе може да се рашири пораката.”

„Но, се обидуваме да биде подобро испланирано, наместо импулсивно. Ќе има свој момент, но нема да ги засени уметниците и филмовите на кои им се прави чест,” вели таа.

Од Time's Up никој уште не одговорил зошто им дозволија на Оскарите да поминат шарено.

1 март 2018 - 10:13