Никол Арбор обично ја нејќат затоа што изгледа вака:
И вака:
Тоа е најчесто една од главните причини. Ако навлезете подлабоко, тогаш ја нејќат затоа што ем изгледа така, ем се труди да раскаже паметни работи. На светот (најчесто женскиот дел), не му е јасно што мајка бара една нашминкана, разголена плавуша да биде паметна, па преку блог-постови, хејтерски твитови и коментари на Јутјуб трга во хајка да си докаже дека згодните, нашминкани жени треба да си седат каде што им е местото.
А баш тука лежи зајакот, според Арбор. Причината што жените можеби и не можат да блеснат во полн сјај е заради тоа што другите жени порадо би ги жалеле, наместо да се радуваат за нив. За тие третите, што со задоволство би им правеле сопки на секои неколку метра ич и да не правиме муабет.
Мажите се најмал проблем: