Како жените реагираат на порно гифови на Тамблр

Веројатно колку жени, толку реакции. Тие што сакате Тамблр, веројатно знаете дека, освен ако не вклучиш Safe Search, ниедно пребарување не е безбедно од рандом разиграни гениталии, такмичења кој ќе објави појезив еротски гиф и плус знаете дека Тамблр ич, ама ич нема предрасуди во однос на сексуалност и ќе ви го покаже тоа.

Јас имам две реакции на тоа. Првата е: со другарка во најнеочекувано, често работно време да си праќаме што е можно по not safe for work гифови, по можност гадни. Втората е предизвик да најдам збор што НЕМА да извади еротски гиф на search. До сега успеало само со 'clock' и уште еден, што не ми текнува кој беше.

А многу јасно дека има луѓе што си ги користат еротските гифови на Тамблр за работата за која што се наменети.

Некојаси, ќе ја викаме Керолајн, почнува да гледа порно по грешка. Има 26 години, и баш не растела со овој жанр, додека не го нашла пет години претходно откако ја убедил дечко. И дури и кога наоѓала мејнстрим клип што на почеток ѝ се чинел добар, нешто обавезно тргнувало наопаку, на пример извештачено дишење, глупава музика или наратив а ла „Мајами Вајс” што го уништувало моментот. И следува фрустрација, особено затоа што на жените им треба малку повеќе за да стигнат до оргазам и едно визуелно или звучно прекинување - колку и да е минорно - знае да предизвика да мораш да почнеш од почеток.

Еден ден, Керолајн разгледувала по нејзиниот тајмлајн на Тамблр и видела (ама се разбира!) порно гиф, што го опишува како софткор и уметнички. Ѝ се допаднало што репетитивниот формат успеал да го задржи баш тој момент што „пали” и дека бил поедноставен и задржан во времето. А се работело за изразот на една жена при огргазам, перпетуално заглавен во задоволство со пропратни течности на него. Керолајн решава да прочепка за да најде уште слични такви - во луп, без звук и сензуално еротични сликички - кликајќи на различни тагови во зависност од расположение.

Сега Керолајн има одредени блогови во букмаркс на телефон, полни со порно и еротски архиви со кои си помага при потреба.

И како нејзе има многу со кои разговарала Алана Хоуп Левинсон од Гламур, што си ѕиркаат по „срамотни” гифчиња на платформата. Не е ни изненадување со оглед на едно истражување кое покажува дека содржината за возрасни е сè уште најјака таму. Речиси половина од 130-те милиони корисници на Тамблр сведочат дека сретнале порно на сајтот, а од нив 28.5 проценти ненамерно, преку реблогирање.

Нека напишат 'clock'.

А бидејќи на Тамблр има повеќе жени отколку мажи - 54 наспроти 46 проценти - јасно е дека поголемиот дел од содржината ја креираат жени за жени, додавајќи и едно чувство на моќ и безбедност што често недостасува на традиционалните порно сајтови (за ова разговаравме на тема феминистичко порно). Отстранети се и елементите на вина и осуда кои жените често ги врзуваат со конзумирање порно со тоа што им се дозволува да истражуваат на место кое не е експлицитно сексуално.

Уште подобро е што блоговите на Тамблр ги држат и ги осмислуваат блогери со естетика на која корисниците ѝ веруваат. Знаат на пример, да ставаат само црно-бели фотографии, со некој фин дизајн на блогот што целото исксутво го прави уметничко, дури и шик. Плус, дискретно е: „Начинот на кој добивам порно на Тамблр сè уште ми делува тајно,” вели Керолајн.

Уште една позитивна работа овде е што недостасуваат усилени приказни. Само гифови се во прашање, што е формат што дозволува имагинацијата да ги пополни празнините - звуци, контекст, позадина… Затоа се гифовите толку корисни кога се работи за еротика, затоа што инспирираат да креираме сопствени стории, давајќи ни алатка да изоставиме било што што не ни се допаѓа или не ни е удобно, што е пак многу моќно со оглед на тоа што стандардната порнографија ја прават мажи - за мажи.

„Жените не сакаат да гледаат сцени каде што сексуалноста на жената постои за да му служи на мажот,” вели наградената порнографка Ерика Ласт. „Не сакаат да гледаат мизогинистички и сексистички вредности во тие сцени, прифатено насилство и портретирање на жените само како предмети за задоволство, без сексуална комуникација.”

На тој начин, заедницата со еротски гифови на Тамблр не е многу различна од светот на еротската фикција, што го побива митот дека жените се помалку напалени, перверзни и сексуално имагинативни од мажите. Ако ништо друго - го докажува токму спротивното, уништувајќи ја теоријата дека жените не сакаат порно.

„Ми се допаѓа што гифовите ја сечат целата таа лажност на порното што секогаш успева да ми го уништи искуството,” вели наводна Луси што има 28 години. „Се фокусирам на гест, на поглед и тоа ми е автентично.”

„Многу брзо знаеш што добиваш кога имаш работа со гиф,” вели Ли, 34-годишна пејачка од Њујорк. „Не мораш да се плашиш дека нешто ќе се расипе понатаму во дејствието. На пример, јас не сакам консензуално давење, па гифот ми дава можност да уживам во груби секс сцени, без да се прашувам дали следи нешто што не ми е пријатно.”

А сега пробајте со 'clock' и пријавете дали и тој збор успеале да го приберат, со макар еден гиф од цицки со саат.

Јас ќе ви поклонам еден не-гиф со pussy, од тие уметничките, шик:

 

1 март 2018 - 13:02