Феминизмот веќе некое време има загазено во порнографските води и многу добро се снаоѓа.
За луѓе со стари навики, објаснување, според Википедија: Феминистичка порнографија е жанр развиен од луѓе посветени на полова еднаквост. Создаден е со намера да ги охрабрува жените и нивните ставови за слободата преку сексуалноста, еднаквоста и задоволството.
Се разбира, ние како човечка раса знаеме да бидеме и на место, ама знаеме и да се глупираме - карактеристика што навлегува во сите општествени правци, па така и во феминизмот. Што значи дека и овде, кај феминистичкото порно имаш феминисти што го поздравуваат и феминисти што нејќат да чујат. Имено, многу феминистки од третиот бран (движењето што важи од ’90-ти па наваму), се отворени кон барањето на слобода и права за сексуална еднаквост преку влегување во индустријата за возрасни. Наспроти тоа, феминистки од вториот бран (овие почнаа во ’60-ти) често се цврсто убедени дека објективизирањето е задолжително за секаква порнографија што содржи жени. Наречете го генерациски јаз, само што, и двата брана имаат приврзаници родени во различни декади па и во овие поновиве (види #МeToo и #NotMe).
А имаме и една трета, симпатична, дај шта даш група на луѓе што среќно ги поздравува сите легални жанрови од оваа индустрија и сака само љубов.
Како и да е, Елит Дејли претставува пред светот една феминистичка порнографка која да ја видиш во супермаркет, ама ич нема да ти текне со што се бави. А девојчето е бивша порно ѕвезда (во обично порно), уметник, изведувач, писател и сега веќе феминистички порнограф, со многу легитимни причини за нејзината определба. После години искуство, Медисон Јанг сака да опфати една поинаква естетика. И изгледа ѝ е стварно многу забавно.